Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јункер во грчкиот парламент: Прашањето за името мора итно да се реши

0
By Нова ТВ on April 26, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 26, 2018 15:00

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер денеска во своето обраќање во грчкиот Парламент ја нагласи итноста од решавањето на прашањето за името меѓу Македонија и Грција.

– Господине претседателе, пред вашиот Парламент ќе кажам нешто што го кажав кога неодамна бев во Скопје, каде што беше поставено прашањето за името на оваа земја. Јас не сум надлежен да ви дадам некоја насока, ниту идеи ниту пак правци во однос на прашањето што треба во секој случај да го решите меѓу вас. Но, дозволете ми да ја нагласам итноста што го карактеризира решавањето на проблемот, со оглед на комплицираниот регион. Ги имам на ум зборовите на Черчил: овде историјата што се произведува не може да се консумира, толку е голема, рече Јункер, пренесува МИА.

Претседателот на ЕК, во обраќањето пред пратениците, во присуство на грчкиот претседател, меѓу другото, говореше и за земјите од регионот и нивната европска иднина. Рече дека Грција е столб на стабилноста во регионот, а на Западен Балкан му е потребна европската перспектива, за да не се повторат, како што рече, драмите што ги доживеавме во 1990-те години.

Претседателот на ЕК истакна дека препораката за почеток на пристапни преговори со ЕУ, не значи и доделување датум.

– Сите оние проблеми, посебно конфликти на границите што би можеле да создадат и билатерални судири, ќе треба во секој случај да се решат пред било какво пристапување. За да бидам целосно јасен, сакам да кажам дека, кога Европската комисија предложи, а тоа беше пред една седмица, почеток на преговорите за пристап за Албанија, но и за ПЈРМ, ова не значи дека  сме дале датум за да почнат овие преговори за проширување и интеграција. Воопшто не е даден таков датум за интеграција. Внимание! Не треба да се потпираме на нереални најави, не е можно да се случува тоа, рече Јункер, додавајќи дека сите земји кандидати ќе се оценат објективно, врз база на нивните вредности и критериуми.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас по денешната средба со претседателот на Европската комисија, изјави дека Грција за првпат на толку решителен начин се обидува да најде заемно прифатливо решение за прашањето за името, со гаранции дека ова прашање ќе има конечно решение.

Фото: АНА-МПА

Вчера во Виена се одржа последната во низата преговарачки сесии меѓу шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, на која присуствуваше и медијаторот на Обединетите нации, Метју Нимиц.

По средбата не беа откриени повеќе детали, а медијаторот Нимиц во кусата изјава рече дека имало интензивна дискусија во која двете страни покажале меѓусебна почит.

– Двете страни се посветени на постигнување решение и процесот ќе продолжи во следните недели, изјави Нимиц.

Министрите Димитров и Коѕијас по средбата не дадоа изјави за медиумите.

Шефот на грчката дипломатија денеска ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, а една од темите на кои ќе разговараат, како што пренесоа грчките медиуми, ќе биде и прашањето за името.

Министрите за надворешни работи на Македонија и Грција следната средба ќе ја имаат во Солун на 3 и 4 мај, а една седмица потоа и во Сунио.

грчки Парламент итност Јункер решение спор за името
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.