Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како може да се изигра системот за распределба на предмети во судовите

1
By Нова ТВ on October 6, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тимот на Катица Јанева веќе почнал со анализа на одземените податоци од службениот компјутер на екс претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, и на материјалите обезбедни по претресот во неговиот дом. Специјалната обвинителка Катица Јанева не открива дали Панчевски оддавал државни тајни кај Претседателот Ѓорѓе Иванов, кој потоа на база на тие информации го составил списокот за аболиција, со сите обвинети и сведоци во случаите на СЈО.

„Тоа воопшто не можам да го потврдам, тоа се шпекулации и само претпоставки. Тоа што го баравме и што беше најдено во домовите кај Панчевски го земавме, а дали тоа е се што е потребно, не можам да кажам, не е можно да се каже“ – изјави Катица Јанева, Специјално јавно обвинителство.

Сомнежите на СЈО се дека во Кривичниот суд се местат судски предмети, а судијата Панчевски е под сомнение и дека оддал државна тајна. Обвинителката Катица Јанева изјави дека се работи за предистражна постапка и има индиции дека преку АКМИС системот судските предмети на СЈО се распределувале на незаконски начин.

АКМИС системот воведен во 2010 година

Автоматизираниот информационен систем за управување со судските предмети  познат како АКМИС во судовите во Македонија е воведен во 2010 година. Со тоа во сите 34 судови во земјава и Судскиот совет се замени рачното процесирање на предметите, а целта беше да им се овозможи на судовите да станат поефикасни и потранспарентни.

Софтверот го направи фирмата „Едусофт“, за кој објаснува дека  е робусен систем со сите карактеристики кој ги автоматизира и следи сите аспекти на животниот циклус на предметите од иницијалното отварање на предметот преку негово доделување било да е кривичен, прекршочен, граѓански и др.

„Било да се работи за општа или ограничена јурисдикција и независно за каков предмет се работи – нашиот систем за управување со судските предмети обезбедува комплетно решение за службениците, судиите и сите останати учесници вклучени во процесот на решавање на судскиот предмет“, пишува на интернет страната на „Едусофт“ за карактеристиките на овој софтвер.

НОВА ТВ побара објаснување од „Едусофт“ за начинот на работа на софтверот и дали има некакви неправилности во користењето на истиот.  Оттаму велат дека овие информации треба да се добијат од клиентот лично, во овој случај од Врховниот суд. Во времето кога тие го одржувале системот извршувале барања од страна на клиентот и во најголема мера тоа биле барања за исправања на грешки во кодот.

Од „Едусофт“ за НОВА ТВ одговорија дека до крајот на 2016 година го одржувале системот и биле повикувани во Кривичниот суд кога имале технички проблеми.

Инаку, откако е воведен АКМИС системот во судскиот систем, годишни договори за одржување, Врховниот суд склучувал со фирмата „Неоком“. Последниот договот е склучен на 28 јули, а вредноста е 66.000 евра.

Извори на НОВА ТВ од Врховниот суд велат дека секој обид или штелување на системот и местење на судските предмети би оставил трага и би можело да се открие кој и кога влегувал во системот. Но, она што е повеќе веројатно дека се правело во Кривичниот суд е при распределба на предметите да бидат исклучени некои судии, а во „барабанот“ да останат неколку судии кои важат за „подобни“ да ги добијат случаите.

Оваа истрага на СЈО доаѓа откако три од вкупно четири обвиненија на СЈО по електронски пат се паднаа кај судијката Лидија Петровска, која во јавноста е позната како „Сваровски судија“. Судот ова го правда со фактот дека во одделението за организиран криминал се шест судии, тројца го оценувале обвинението и во игра останале само тројца судии.

Карактеристики на АКМИС системот

Ги покрива сите аспекти на управување со судските предмети во сите видови на судови

Работи онлајн во реално време

Обезбедува 24 часовна услуга, седум дена во неделата, 365 дена во годината

Високо скалабилен систем кој може да работи во сите видови на судови со различна организациона структура

Обезбедува комплетна безбедност на информациите и податоците

Обезбедува генерирање на најразлични извештаи

Значително ги намалува повторливите задачи

Во голема мера го подобрува квалитетот на податоците

Обезбедува подобрена статистика и мониторинг

 

АКМИС Владимир Панчевски Катица Јанева Кривичен суд претрес СЈО судски предмети
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.