НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Камбовски: Законот за ЈО мора да се донесе, ако треба нека се одложат и изборите

0
By Нова ТВ on January 28, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Законот за Јавно обвинителство се изготвуваше долг период од работна група во која учествуваа странски експерти, странски јавни обвинители, но и домашни експерти и јавни обвинители, рече министерката за правда Рената Дескоска на јавната расправа за законот за јавно обвинителство која предизвика големо внимание кај стручната и академската јавност. Во собраниската сала „Борис Трајковски“ беа и Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, претседателот на Советот на јавни обвинители, Ацо Колевски, еминентни професори по уставно и кривично право од Правниот факултет во Скопје, итн.

„Во рамките на изработување на законот, посебно внимание се посвети на усогласување на европските стандарди за јавното обвинителство. Основните точки за нов закон беа усогласување со Законот за кривична постапка, имплементирање на препораките на ГРЕКО, како и имплементирање на стратегија за реформа на правосудниот систем донесена од владата. Таму беше нотирано дека СЈО треба да се трансформира во посебно обвинителството, со разграничување на надлежностите помеѓу СЈО и Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција. Првата верзија што ја пративме до пратениците содржеше Обвинителство за организиран криминал и корупција и Специјално јавно обвинителство, но тој концепт не доби поддршка од 80 пратеници, а најголемиот дел од забелешки беа дека се противат посебно Специјално јавно обвинителство кое ќе гони висока корупција. Втората верзија го инкорпорираше СЈО во рамките на Обвинителството за организиран криминал и корупција, а тоа го има и во овој предлог закон“, рече Дескоска.

Клучни измени на системот на Јавно обвинителство се измената на основите за избор на јавни обвинители. Се покачуваат критериумите, се воведува јасна дисциплинска постапка за одговорност, постапка за оценување, гаранции за финансирање.

Според Дескоска, целта била да се воспостави систем во кој Обвинителството ќе има финансиски гаранции, особено Обвинителството кое треба да гони висока корупција. Во делот на Обвинителството за организиран криминал, министерката истакна дека нема избор на обвинители под трајни услови, туку со ограничен мандат, а истите ќе бидат избрани од Советот на јавни обвинители и не може да бидат упатувани во друго Обвинителство.

„Важно е што ова Обвинителство ќе може самостојно да бара меѓународна правна помош по предметите што ќе постапува, со цел да не одат овие предмети преку министерството за правда, бидејќи може да вклучуваат лица кои се дел од извршната, судската, законодавна власт, со цел да се зачува доверливоста на постапките. Сметаме дека ако се даваат дополнителни активности, треба да се даде и зголемен број на обвинители, со цел да може ефикасно да ги преземе своите надлежности. Законот не прејудицира кој би бил избран во Обвинителството, односно секој кој исполнува услови може да се јави на конкурсот. Обвинител може да биде разрешен со двотретинско мнозинство, за да се овозможи неговата независност“, вели Дескоска.

Таа побара мислење од експертите за неколку прашања, кои би можело да се вградат во законското решение. Тие се однесуваат на дилемите кои провејуваат меѓу експертската фела: „Каква треба да биде улогата на партиите во избирање на Јавни Обвинители? Дали треба да се регулираат конкретно рокови за затворање на одредени постапки? Дали треба да регулира важење на одредени докази како што беше барањето за прислушуваните материјали? Дали треба да постојат финансиски гаранции за целото Обвинителство, особено за Обвинителството за организиран криминал и корупција?“.

Според, Републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески, предложените решенија ја зацврстуваат самостојноста на јавните обвинители во постапувањето. Од суштествено значење, според него, се новите многу поефикасни решенија и критериуми за следење и оценување на работата на јавните обвинители.

„Во него нема место за тоа кои докази ќе бидат користени во одредени предмети и кои предмети како ќе се процесуираат. Добро е што е изграден став да нема две Обвинителства како што се предвидуваше со првата верзија на законот. На тој начин нема да има преклопување на надлежностите и ќе може поуспешно и поефикасно да се организира работата на ова Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција“, рече Јовески.

Тој нагласи дека обвинителите од поранешното СЈО во законот немаат повластен третман, ниту пак се обвинители во Обвинителството за гонење организиран криминал.

„Тие остануваат во обвинителствата каде беа вработени пред да бидат ангажирани во СЈО. Имајќи предвид дека тие работеле на одредени сложени предмети законот пропишува дека ќе работат на овие предмети до нивно завршување. Тоа решение е заради ефикасност на кривичниот прогон со што сторителите на кривични дела ќе бидат изведени пред суд“, рече Јовески, кој ги повика пратениците да ги поддржат решенијата и оние кои ќе бидат вградени во текстот по дебатата.

Професорката и кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ на последните претседателски избори, Гордана Силјановска-Давкова од јавната дебата порача во текстот на законот еднаш да биде употребено новото име на државата, а понатаму во текстот да стои Републиката затоа што, според неа, името и натаму е болна тема за граѓаните.

„Нема потреба папагалски да го повторувате името на државата, тоа е сè уште болна тема за сите нас. Еднаш нека стои новото име Северна, потоа во заграда ставете Републиката“, порача професорката Силјановска.

Таа има забелешки и околу одредбата „преземање кривично гонење“.

„Јавниот обвинител е највисоко во системот на хиерархија и ако нему му треба согласност од ОЈО за организиран криминал се поставува дилемата кој е повисок, толерираме паралелизам, што не добро“, рече Силјановска и праша зошто е тргната одредбата од сегашниот закон, а која ја имаше и во законот за СЈО, според која за јавен обвинител може да биде избран редовен или вонреден професор кој предавал десет години правен предмет од правосудната практика. „Тоа за мене е навредливо, не ми е јасно зошто ги нема и адвокатите“, додаде Силјановска.

Професорката, која е дел од тимот стратешки советници на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се осврна и на изборот на Јавниот обвинител на предлог на Владата.

„Забелешката опозицијата да го предлага кандидатот за Јавен обвинител врз основа на конкурс не е многу точна. Во законот за СЈО беа ставени лидерите на четирите партии, непознат феномен во правото. Идејата за која се зборува, а ја слушнавме и тука е довербата околу двотретинско мнозинство, бидејќи тоа е една од најсилните личности. И Владата доколку го предлага е политичко решение“, рече Силјановска, наведувајќи дека предлагач може да биде и Комисијата за избори и именувања, Комисија составена од врвни експерти, претседатели на судови, декани на правни факултети, Јавен правобранител, Советот на јавни обвинители.

И таа како и претседателот на Советот на јавни обвинители, Ацо Колевски, имаа забелешки на одредбата според која Советот се обврзува по предлог на Јавниот обвинител на ОЈО за организиран криминал и корупција да донесе одлука за зголемување на бројот на јавни обвинители.

„Сметам дека тоа е во надлежност на Советот кој ја определува систематизацијата на јавните обвинителства, а потоа носи одлуки. Систематизацијата се утврдува според број на кривични пријави, предмети кои се во фаза на решавање или се веќе решени,  нивната сложеност, итн., па врз основа на тоа Советот го одредува бројот на обвинители“, рече Колевски.

Според академикот Владо Камбовски законот мора да биде донесен ако не утре, за десет, петнаесет дена, а доколку е потребно нека се одложат и изборите за еден месец бидејќи ова е закон со кој се воспоставува владеење на правото и мора да биде донесен. Говорејќи за членот 110 од законот за јавно обвинителство, што се однесува на чувањето на материјалите по истекот на три години од правосилно завршување на постапките да бидат уништени, рече треба да се подразмисли што ќе се случи со материјалите за кои не се водат постапки.

„Но, што е со материјалите за кои не се водат постапки, тука треба да се размисли и да се стави некој рационален рок дотолку повеќе што имаше објаснување дека СЈО прегледало и процесуирало околу 80 отсто од сите тие материјали. Значи останале 15-20 отсто од тие материјали во еден рационален рок ЈО ќе го задолжи да расчисти затоа што не може тие до бесконечност да останат на чување затоа што постои опасност да се дистрибуираат на различни страни. Во однос на натамошниот третман на материјалите и дали тие се докази или не, мислам дека тоа не треба да биде предмет на оваа расправа, тоа се процесни прашања и не се предмет на овој закон“, истакна тој.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ на јавната расправа за новиот закон за Јавно обвинителство го прекинаа излагањето на Државниот јавниот обвинител, Љубомир Јовески, истакнувајќи од галеријата транспарент на кој пишуваше „Господине Јовески, до кога ќе го криете писмото на притворената Катица со кое ви даде незаконска наредба?“.

Транспарентот го извадија пратениците Антонио Милошоски, Дафина Стојановска и Горан Манојлоски.

Претседателот на Комисијата за политички систем, Александар Кирацовски даде пауза од пет минути додека тие го собираа транспарентот. Јовески рече дека нему не му смета пораката од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ пласирана на недоличен начин, по што продолжи со своето излагање, а Кирацовски ја продолжи јавната расправа со зборовите: „Циркузот заврши“.

Владо Камбовски Гордана Силјановска-Давкова Закон за ЈО јавна расправа Љубомир Јовески Рената Дескоска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.