Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кампања: СДСМ во Тетово и Аеродром, ВМРО-ДПМНЕ во Демир Капија, Кавадарци и Неготино

0
By Нова ТВ on June 26, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Трет ден од изборната кампања за предвремените парламентарни избори 2020. Партиите продолжуваат со своите активности кои се одвиваат паралалено и на социјалните мрежи и со посета на градовите и на населените места низ земјата.

Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ, според официјалната агенда, денеска во 19 часот ќе има настан во Тетово, а во 20:30 часот и во скопски Аеродром.

„Нов концепт со нова програма и пред се нова македонска развојна економија. Ќе одржиме економски лекции и на Мицкоски и на неговите економски кадри, но и лекции на регионот. Затоа што имаме потенцијал, одлична географска поставеност, работлив народ, луѓе кои не се штедат и само бараат фер шанса за чесно да заработат. Но, и затоа што сега имаме пријатели, а не непријатели, и затоа што не почитува целиот свет. Затоа ќе успееме“, истакна лидерот на СДСМ Зоран Заев на синоќешната предизборната трибина во Охрид.

Презентирајќи ја економската програма на коалицијата предводена од СДСМ за претстојните предвремени парламентарни избори, Заев рече дека таа нуди реална можност за освојување 80 отсто од поглавјата за членество во ЕУ.

„Ќе издржиме, ќе ги фрлиме и маските, но што ќе прават нашите противници со тие нивни постојани маски што ги носат. Маски на преродбата, маски на лажниот патриотизам, маски сега на обновата. Тие никогаш не можат да ги фрлат тие маски“, рече Заев.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и нејзините коалициски партнери денеска ќе имаат средби со граѓани и обраќања во Демир Капија (17 ч.), во Неготино (18:30 ч.) и во Кавадарци (20:30 ч.).

Лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски синоќа од Ресен порача дека ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на заштита на националното достоинство и враќање на националната гордост и секој кој го негира правото на нашиот мајчин јазик треба да знае дека нема за милиметар да се отстапи од тоа што се избориле нашите предци.

Мицкоски пред ресенчани посочи дека по 15 јули, ВМРО-ДПМНЕ најпрво економски ќе ја обнови државата, за како што рече, нашите сограѓани да станат горди и богати, а потоа ќе следи обнова на Македонија во секој поглед.

Претходно за време на посетата на Струга, Мицкоски рече дека благодарение на погрешните политики на ова раководство на СДСМ предводено од Заев, Македонија бележи рекорди по број на заболени и луѓе кои, за жал, го губат својот живот и оти токму затоа сега е најпотребно заедно сите да се исправиме бидејќи само така можеме да ја обновиме Македонија.

Политичката платформа Македонски концепт ќе биде во посета на Изборната единица 3 и тоа во Велес (10 ч.), во Штип (13 ч.) и во Берово (16:30 ч.).

ВМРО-ДПМНЕ Избори 2020 Камања програма СДСМ Трибини
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.