Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кампања за избори 2020: СДСМ денеска во Чаир и Пробиштип, ВМРО во Прилеп и Крушево

0
By Нова ТВ on July 5, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Изборната кампања на партиите за предвремените парламентарни избори на 15 јули влегува во „второ полувреме“. Партиите своите изборни програми и денеска ќе ги претстават на средби со граѓани во помал формат, отколку што тоа беше случај на преходните избори, согласно здравствените протоколи поради кризата предизвикана од коронавирусот.

СДСМ и коалицијата „Можеме“ денеска имаат промоции во Чаир и во Пробиштип, а ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за „Обнова на Македонија“ ќе бидат во посета на Прилеп, на Кривогаштани и на Крушево. Карванот на Единствена Македонија и коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ ќе оствари средби со жителите на општините Росоман, на Кавадарци и на Неготино.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев синоќа пред граѓаните во Крива Паланка истакна дека ги отвориле вратите кон ЕУ и НАТО, со, како што рече, обезбеден идентитет и признат јазик.

„Нашиот народ денес е исправен, горд со кренато чело. Успеавме да докажеме дека политиките на пријателство и мостови на соработка беа поздравени од целиот демократски свет. И сега кога успеавме да ги решиме сите отворени прашања што ги имавме, ја исполнивме првата стратешка цел и станавме членка на НАТО. Ја исполнивме втората стратешка цел да добиеме одлука за почеток на преговорите. Сега имаме само пријатели насекаде, сега имаме само помош од целиот свет. Можеме и повеќе и подобро, порача Заев од Крива Паланка.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е убеден дека коалицијата што тој ја предводи, со поддршка на народот убедливо ќе победи на претстојните парламентарни избори. Потоа, како што порача од скопска Кисела Вода, сите заедно да засукаме ракави и да работиме за обнова на Македонија каква што сме наследиле и каква сакаме да им оставиме на идните поколенија.

„Изминатиот период чекоревме полека за да не паднеме, за да не се враќаме неколку чекори наназад и да мора да почнуваме се одново. Меревме, премерувавме носевме одлуки кои можеби секогаш не беа допадливи, но, тоа беа одлуки кои нас не донесоа до крајната цел, а тоа е што побргу да ни се случат предвремени парламентарни избори“, рече Мицкоски.

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети синоќа во Кичево пред членовите и симпатизерите на партијата го претстави Насер Зибери, кандидатот за прв премиер Албанец, на парламентарните избори што ќе се одржат на 15 јули.

„Оваа земја имала нобеловци албанци како што се Мајка Тереза и Ферид Мурати. Со нив нашата земја се гордее како што ќе се гордее и со премиерот Албанец, бидеќи тој ќе работи во интерес на сите кои живеат во оваа држава. Имаше противење и во времето на изборот на Дехари за градоначалник на Кичево, но денеска сите увидоа дека во Кичево се живее сложно, без разлика на етникумот на кој му припаѓаат. Затоа и оваа наша најнова идеја ќе биде во интерес на еднаквоста“, рече меѓу другото Ахмети во Кичево.

Коалицијата „Сега е време“ синоќа одржа централен митинг во Струга. Од таму претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села им одговори на Заев и Мицкоски за, како што рече, нивната идеја за размена на пратеници за да не бидат условени од Албанците да формираат влада.

„Слушам дека Заев и Мицкоски се подготвени да формираат македонска влада. Еве ви кажувам многу јасно и отворено, ако создадете влада само со македонски претставници ние ќе ја создадеме нашата албанска влада“, рече тој.

Кандидатот за пратеник од платформата „Македонски концепт“, Петар Богојески од Крушево порача дека очекува од сите крушевчани, без разлика на нивната припадност да гласаат за македонски концепт.

„Никој повеќе и подобро не може да се грижи од мене за Крушево, кој сум родум од тука. Крушево е иселено и осиромашено. Потребна е владина програма која ќе ги задржи младите овде“, рече Богојески.

Носителот на листата во третата изборна единица од „Левица“, Борислав Мрмов од Делчево најави поголема заштита на работничките права. По претстојното, како што рече, влегување на „Левица“ во парламент најави поголема поддршка за работничките права, особено за текстилниот сектор каде, во Делчево под носот на инспекторите и локалните власти се случува кршење на работничките права.

Македонската конзервативна партија Интегра на градскиот плоштад во Куманово оствари средби со граѓаните на кои партискиот лидер, Љупчо Ристовски и носителот на листата во Изборната единица 2, Александар Главинов ја презентираа програмата „Нова македонска ренесанса како визија за подобар живот во Македонија“. Тие понудија проекти од речиси сите области кои ќе им овозможат подобар живот на граѓаните, туризам, инвестиции, иновации.

ВМРО-ДПМНЕ Избори 2020 кампања СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.