Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кампања за референдумот ќе има и во дијаспората

0
By Нова ТВ on August 12, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, August 12, 2018 18:32

Министерот за дијаспора  Едмонд Адеми, денеска ги повика иселениците да гласаат на престојниот рефрендум. Во Еленец, Македонска Каменица денеска се одржа петтата иселеничката средба.

„Државната изборна комисија донесе правилник со кој на дијаспората и го овозможи правото да гласа во дипломатско конзуларните претставништва. Сега од 9 до 23 август тече рокот за електронско пријавување за тие кои се заинтересирани да гласаат и јас сакам да ја искористам приликата од овде од Македонска Каменица да ги повикам што помасовно да се пријавуваат, да го искористат своето законско право и да гласаат онака како што мислат дека треба да гласаат. Кога ќе започне кампањата, во план е посета и средби со нив, надвор, во дијаспората, каде ќе го објасниме договорот помеѓу Р. Македонија и Р. Грција и зашто тој договор е важен за перспективата на нашата држава, кажа Адеми.

Според статистиката на Светска банка, од Македонија во изминативе две децении во западно-европските и прекуокеанските земји се иселени 460.000 граѓани, но интересот за гласање на иселениците секогаш бил слаб.  За два дена, преку веб апликацијата на Државната изборна комисија само околу 250 граѓани кои живеат во странство се пријавиле дека ќе гласаат на референдумот. Најголем број пријави се од Берн и Виена, потоа Љубљана и Торонто.

Претседателот на ДИК, Оливер Дерковски рече дека ќе ги скратат трошоците предвидени  за гласање на дијаспората – на претходните избори биле потрошени повеќе од 500 илјади евра за гласањето во странство.

„За гласањето на дијаспората на минатите парламентарни избори се потрошени над 30 милиони денари, значи повеќе од 500 близу 600 илјади евра, што сепак е позамашна сума, која овој пат се обидуваме да ја рационализираме, да ја скратиме. Тоа ќе го направиме сигурно затоа што избирачките одбори се помали, ќе нема потреба да праќаме луѓе од тука, да правиме трошоци за авионски билети и дневници, тоа значи намалување на трошоците. Со Министерството за надворешни работи се договоривме да ни ги испратат сите вработени луѓе во дипломатско-конзуларните претставништва низ светот, со цел да ангажираме што повеќе луѓе од таму за да ги намалиме трошоците. Се надевам дека износот овој пат ќе биде многу помал – вели Дерковски за Радио Слободна Европа.

Гласањето во странство ќе се организира во оние избирачки места каде ќе се пријават најмалку 10 избирачи. Дијаспората ќе гласа на 29 септември.

 

Дерковски дијаспора Дик референдум
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.