Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Канадската полиција го бара мотивот за вчерашниот напад во Торонто

0
By Нова ТВ on April 24, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 24, 2018 09:40

Канадската полиција го испитува осомничениот возач на изнајменото комбе кој вчера прегази пешаци во северниот дел на Торонто, при што загинаа 10 лица, а 15 се повредени.

25 годишниот Алек Минасијан, денеска треба да се појави пред судот. Како што соопшти полицијата тој претходно не им бил познат на властите како престапник, но според очевидци целиот напад изгледал дека е изведен намерно да предизвика жртви.

Како се случил нападот

Полицијата соопшти дека белото комбе што било изнајмено влетало во пешачката зона околу 13:30 по локално време (18:30 средно европско време).

Според очевидци, комбето удирало се што му се нашло на патот – луѓе, хидранти, поштенски сандачиња.

-Бев сведок на најмалку шест, седум луѓе кои беа удирани и летаа во воздух, изјави очевидец за Би-Би-Си.

Што е досега познато за осомничениот

Многу малку детали засега се објавени за осомничениот за нападот.

Полицијата соопшти дека Алек Минасијан бил од северниот дел на Торонто, од предградието Ричмонд Хил.

Шефот на полицијата на Торонто, Марк Саундерс, изјави на прес-конференција дека тој претходно не им бил познат на властите.

-Сето тоа дефинитивно изгледаше со намера, изјави тој, додавајќи дека е премногу рано во истрагата да се каже дали инцидентот бил поврзан со тероризам. Не исклучуваме ништо. Она што треба да го направиме е да го следиме она што го имаме, бидејќи истрагата е во многу рана фаза, рече тој.

Канадскиот министер за јавна безбедност, Ралф Гудејл, рече дека “нема никаква поврзаност со националната безбедносност”.

Канадската телевизија Си Би Ес, објави дека Минасијан не бил поврзан со ниту една позната терористичка група.

Компанијата за изнајмување на камиони Рајдер систем АД потврди дека е возилото од инциентот е нејзина сопственост и најави соработка со властите.

Нападот се случи, додека министрите за надворешни работи на водечките индустриски земји-Г7 – Канада, САД, Велика Британија, Франција, Германија, Италија и Јапонија – разговараа во Торонто.

Канадскиот министер за надворешни работи, Христија Фриленд, изјави дека состаноците на Г-7 ќе продолжат во вторник, според планираното.

Градоначалникот Џон Тори ги повика жителите да останат смирени.

-Овој трагичен инцидент не е пример за тоа како живееме или кои сме ние, ниту за тоа каков е секојдневниот живот во градот, рече тој.

Канада напад Торонто
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.