Министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска и прво осомничена во случајот на Специјалното јавно обвинителство „Тендери“ во моментов е на распит во Кривичниот суд кај судија на претходна постапка.
Во судот утрово дојде обвинителката Фатиме Фетаи од СЈО, која го води овој предмет.
Претходно, СЈО од судот побара на министерката за култура Елизабета Канческа- Милевска како мерка на претпазливост да и биде одземен пасошот и да се пријавува во судот еднаш неделно, поради постоење околности кои упатуваат на опасност од бегство.
Судот треба да одлучи дали ќе и бидат одредени мерки на претпазливост на осомничената министерка.