Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кандидатите за пратеници на ФРОДЕМ и ДС ќе бидат објавени на 9 ноември

0
By Нова ТВ on November 3, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Коалицијата за промени и правда, составена од Демократски сојуз, ФРОДЕМ, МОРО- РП и ДЕМОС денеска на прес конференција најави дека листите за пратеници ќе ги објават во среда, на 9 ноември.

Тие денеска испратија и апел до политичките партии на своите листи за кандидати за предвремените парламентарни избори да не ставаат лица кои се осомничени, обвинети или за кои има отворена истражна или предистражна постапка.

– Иако максимално го уважуваме начелото на презумпција на невиност, сепак сметаме дека на ваквите лица не треба да им се дава можност евентуално да се здобијат со пратенички имунитет со што би се оневозможила или би се успорила постапката која се води за нив – велат од Коалицијата.

Јове Кекеновски од ФРОДЕМ на прес конференцијата предупреди дека во Австралија се регистрирани 500 гласачи за претстојните предвремени парламентарни избори, што според него е сомнително, затоа што според информациите кои тој ги поседувал, иселениците од тој дел биле во поодминати години и воопшто не познавале работа со компјутер.

-Постои основано сомнение дека поради малиот интерес за пријавување на гласачи од дијаспората се користат пријавите од претходното пријавување на гласачи од дијаспората. Исто така, сакам да кажам дека и покрај тоа што кампањата се уште не е официјално започната, македонскиот амбасадор наголемо го прави тоа. Втората институција која треба да стои настрана од изборите во дијаспората е Австралиско – македонска црковна епархијата и Нов Зеланд под диригентската палка на надлежниот владика кој прави партиска кампања. Според нашите информации од нашите членови и симпатизери во црквите се пополнуваат апликации за гласање и се убедуваат постарите лица да гласаат за партијата на власт – рече Кекеновски.

избори кандаидатски листи коалиција за промени и правда пратеници притисоци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.