Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кањелас „експлодира“ во Франкфурт: Вардар го разоружа Рајн Некар

0
By Нова ТВ on November 17, 2016 СПОРТ
Фото: rkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонска победа по германски рецепт. Ракометарите на Вардар, среде Франкфурт, го совладаа Рајн Некар Левен со 33:27 во седмото коло во Лигата на шампиони и го одбранија првото место на табелата во групата Б. „Експлодираше“ Хуан Кањелас кој го „исрешета“ германскиот првак со 10 гола, Циндриќ постигна седум колку што реализира и Сигурдсон за поразената екипа. Во наредното коло „црвено-црните“ ќе бидат домаќини на клубот на Манасков кој остана без минутажа вечерва.

Вардарци одиграа типично германски во „Фрапорт арена“. Од почеток наметнаа висок ритам на игра што ривалот го следеше во првото полувреме, но не успеа да одржи чекор и во второто. Составот на Раул Гонзалез ги реши во своја полза воведните 30 минути со „тесни“ 17:16, додаде гас во продолжение на средбата и на десетина минути до крајот ги отстрани сите дилеми околу двата бода. Се чини дека добро беше анализиран противникот, а тактиката што се одбра донесе и резултат. Средниот бек Шмид и кружниот напаѓач Баена беа издвои како најопасни противнички фигури пред натпреварот. Првиот беше целосно неутрализиран и остана без погодок од трите закани што ги упати, вториот беше солидно затворен и не му беше дозволено да се разигра и покрај четири гола што ги запиша.

Цврсти во одбрана, немилосрдни во напад беа играчите на македонскиот шампион вечерва во Германија. Особено во второто полувреме во кое играчки не паднаа ниту резултатски се задоволија и опуштија и при водство од осум гола разлика. Меѓу стативите го имаа Арпад Штербик кој забележа 13 интервенции, а Кањелас, во нападот, беше „џелат“ за Рајн Некар. Шпанецот дојде до полн израз и шутираше со 77 отсто успешност (10/13). Најголемата поддршка ја имаше во хрватскиот репрезентативец Циндриќ, но добра вечер во двата правца на игра и од Македа кој реализира четири гола. Дибиров и Стоилов додадоа по три во шестиот триумф на вардарци во ЛШ сезоната, четври против Рајн Некар Левен во петтиот директен судир и втор на теренот на германската екипа.

Рајн Некар Левен – Вардар 27:33 (16:17)

Сала: „Фрапорт арена“ во Франкфурт. Гледачи: 5.000. Судии: Зигмарс Сондорс и Ренарс Личис од Летонија.

Рајн Некар Левен: Апелгрен, Бауер, Шмид, Сигурдсон 7, Манасков, Баена 4, Стеинхаузер, Ларсен 1, Пекелер 1, Грецки 3, Абт, Реинкајнд 1, Вилјаплана 1, Петерсон 6, Екдал 3. Тренер: Николај Јакобсен.

Седмерци: 2/4. Исклучувања: 2 минути

Вардар: Штербик (13 одбрани), Милиќ, Стоилов 3, Фереира Мораеш, Македа 4, Деревен, Карачиќ, Душебаев 2, Абутовиќ 1, Кањелас 10, Циндриќ 7, Чупиќ 2, Дибиров 3, Шишкарев, Борозан, Марсениќ 1. Тренер: Раул Гонзалез.

Седмерци: – Исклучувања: 4 минути

Арпад Штербик Вардар Кањелас Лига на шампиони Македа Рајн Некар Левен ракомет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.