Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Карабатиќ со титула во неделата, со условна затворска казна денеска

0
By Нова ТВ on February 1, 2017 СПОРТ
Фото: francehandball2017.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Никола Карабатиќ се најде на насловните сттраници на светските медиуми по вторпат во само три четири дена. Во неделата со Франција ја освои титулата на Светското ракометно првенство, а денеска во Монпелје е осуден на условна казна затвор во траење од два месеца. Ова е епилог на долгиот судски процес за големиот обложувачки скандал што изби во земјата домаќин на неодамнешниот мундијал во кој е вмешан и неговиот брат Лука и 14 други лица.

Карабатиќ ќе мора да плати и 10.000 евра, откако беше прогласен за виновен за местење на резултатот и обложување на истиот.

Спорниот натпревар се одигра во 2012 година кога браќата Карабатиќ настапуваа за Монпелје. Со клубот ја осигураа титулата во францускиот шампионат што овозможуваше нешто покомотни настапи во финишот на сезоната. Во еден таков беа домаќини на Сесон-Рен, екипа што се бореше за опстанок во лигата, и замина од Монпелје со сензационален триумф со 31:28, краен исход што беше со квота 45.

Подоцна беше откриено дека браќата Карабатиќ и други 14 лица се обложиле на пораз на фаворитот што им донел заработувачка од околу 300.000 евра. Најтешко минаа Никола Жиле кој е казнет со четири месеци затвор и 40.000 евра и Србинот Младен Боиновиќ со четири месеци зад решетки и 20.000 евра како организатори на целата афера.

Никола Карабатиќ пред судот во Монпелје негираше дека учествувал во измамата велејќи дека тогашна партнерка се обложила и дека без негово знаење симнала апликација за обложување на лаптоп што она и го потврди исказот. Лука Карабатиќ, пак, призна дека се обложил со својата девојка и правдаше дека тоа било „глупост на млад ракометар“.

 

 

Лажирање Монпелје Никола Карабатиќ ракомет Суд Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.