Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кардула: Мотивот на Своч часовникот на кирилица е ликот на Дениција, како инспирација од македонската поезија

0
By Sashko on December 1, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: adtodate.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 1, 2021 21:02

Зоран Кардула, на покана од „Божиновски часовници и накит“, го изработи првиот локализиран дизајн на Своч (Swatch) часовникот на кирилица – Дениција. Познатиот уметник и графички дизајнер во изјава за Фронтлајн вели дека мотивот е во негов препознатлив стил, односно лик на жена како инспирација од македонската поезија.

„За некој ден и официјално ќе биде промоцијата на часовникот кој излегува по повод 30 години од самостојноста на нашата држава и 30 часовници ќе бидат понудени на аукција. Мотивот овој пат е Дениција како инспирација од македонската поезија. Ликот е впечатлив, силна, борбена жена облечено во црвено во позадина има мотиви во златен колорит, бои кои дискретно потсетуваат на нашите национални. Се надевам дека проектот „Своч на кирилица“ ќе продолжи и натаму и дека други наши уметници ќе имаат можност да учествуваат на истиот, изјави Кардула за Фронтлајн.

Игор Божиновски во интервју за Иновативност истакнува дека идејата произлегла уште на крајот од минатата година спојувајќи ги преку еден креативен процес тимот на „Божиновски часовници и накит“ и новите технолошки можности на Swatch и јубилејната 202 година во која славиме 30 години од независноста на Македонија. Тој нагласува дека триесетте часовници ќе имаат колекционерска вредност, што на часовникот, покрај јубилејната вредност и историскиот момент му додава и исклучителна реткост.

„Успеавме да излеземе со јубилејниот часовник кој го нарековме –Дениција и решивме да го издадеме во ограничен број од само 30 нумерирани парчиња кои имаат колекционерска вредност, што на часовникот, покрај јубилејната вредност и историскиот момент му додаваме и исклучителна реткост.“, вели Божиновски во интервјуто за Иновативност.

Од „Божиновски часовници и накит“ потенцираат дека собраните средства ќе бидат донирани по избор на авторот кој покрај како дизајнер е познат и по својата хуманост.

Дениција Зоран Кардула Македонија Своч Часовници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.