Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Карпош се поднови со ровокопач за расчистување на депонии

0
By НОВА ТВ Balaban on June 2, 2022 РЕПУБЛИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 2, 2022 13:49

По изборот на комисијата за јавни набавки од Општина Карпош,  фирмата „ЕВРО СТИЛ“ од Битола како економски најповолен понудувач, денеска го достави комбинираниот ровокопач/натоварувач, за кој локалната самоуправа доби средства од Светска банка во вид на грант за успешност.  Станува збор за неповратни средства во висина од 3.290.000 денари за набавка на механизација, кои Општината ги доби од Светска банка, во рамки на проектот за подобрување на општинските услуги, информираа од Општината Карпош.

На чинот на примопредавање на возилото, покрај претставничката од Министерството за финансии и Светска банка, Јасминка Божиковска, присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски. Во оваа пригода, првиот човек на Општината истакна дека му претставува искрено задоволство што локалната самоуправа ќе се екипира со ова специјализирано возило, кое ќе помогне во решавање на комуналните проблеми низ Карпош.

– Овој грант за набавка на комбиниран ровокопач/натоварувач за потребите на Општина Карпош го добивме како резултат на успешно реализиран под-заем, доделен од МСИП – проектна единица на Министерство за финансии на РСМ, финансиски поддржан од Светска банка. Конкретнава механизација ќе ни биде од голема корист, особено во руралните делови од нашата општина какви што се населбите Бардовци, Злокуќани и Нерези. Досега нашите работници го товараа отпадот во камиони само со рачен алат, така што сега добиваме едно повеќенаменско возило. Имено, оваа механизација би можела да послужи и за чистење на снег, но со помош на дополнителната опрема со која располагаме, би можеле да го искористиме возилото и за одржување на уличното осветлување, посочи Јакимовски.

Потребата за набавка на ова комунално возило произлезе по урбанистичката ревизија, која претходно ја спроведе Општина Карпош во соработка со Светска банка. Притоа беше утврдено дека еден од поголемите проблеми со кои се соочува локалната самоуправа, се депониите кои се наоѓаат на нејзина територија.  Токму затоа, примарната намена на оваа механизација ќе биде расчистување на депониите во населбите Бардовци, Злокуќани и Нерези. Освен за отстранување на сметиштата, ровокопачот ќе се користи и за чистење на сливот на реката Лепенец, каде локалните мештани треба да ја користат речната вода за наводнување на своите земјоделски земјишта.

Според договорот, фирмата „ЕВРО СТИЛ“ ќе обезбеди и стручна обука за две вработени лица од Општина Карпош, кои треба да управуваат со ова комунално возило.

 

карпош ровокопач Стевчо Јакимовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.