Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Каталонија ги разгоре надежите на балканските националисти

0
By Нова ТВ on October 10, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Намерата на Каталонија да се отцепи од Шпанија ги разгорува соништата за независност во етничките џебови низ целиот Балкан, потенцијално опасна тенденција во регионот каде националистичкото насилство одзеде десетици илјади животи во 1990-тите.

Од етничките Албанци во јужна Србија до Србите во Република Српска, сепаратистичките водачи го поставуваат истото прашање по каталонски референдум: Зошто да не го сториме истото?

На денот на изборите, во Нови Сад и неколку други градови во северната српска покраина Војводина се појавија графити со каталонски знамиња, заедно со тврдењето “Војводина = Каталонија”.

Војводина

Во меѓувреме, според локалните медиуми, во јужниот босански град Мостар, во близина на катедралата се појавија огромни знамиња, прикажувајќи ги знамињата на Каталонија и Херцег-Босна, самопрогласениот хрватски ентитет, со честитката: “Среќно, ние сме следни”.

Бања Лука

Фактот дека еден регион – Косово – успеа да ја обезбеди својата независност, ги охрабри слични лидери во регионот, додека многу други ги разгневи.

Аргументот на Брисел дека смета оти референдумот во Каталонија е нелегален, додека ја поддржува независноста на Косово како “посебен случај”, ја разгневи Србија, која ги осуди “двојните стандарди” на ЕУ.

Белград жестоко ја отфрли едностраната декларација за отцепување на Косово во 2008 година, во која 90 отсто се етнички Албанци.

Ова се случи една деценија по крвавата војна во периодот 1998-1999 година, во која загинаа 13.000 луѓе, и заврши дури по 11-неделното бомбардирање на НАТО, на позиции на српските вооружени сили, контролирани од Слободан Милошевиќ, надвор од отцепената територија.

-Како тоа го легализиравте отцепувањето на Косово дури и без референдум? Како 22 земји-членки на ЕУ ја легализираа сецесијата што го прекрши европското право, што е основа на политиката на ЕУ?”, праша српскиот претседател Александар Вучиќ.

Вучиќ, кој во тоа време се залагаше за “Голема Србија” како министер за информации на Милошевиќ, цврсто го поддржа Мадрид, а сега се соочува со можноста за повторно оживување на националистичката треска дома.

Случајот „Војводина“

Меѓу потенцијалните жаришта се наоѓа јужната Прешевска долина, уште еден дел населен со етнички Албанци, потоа областа на Санџак населена со муслиманско население и автономната покраина Војводина, со повеќе од дваесетина малцинства.

Ненад Чанак, лидерот на регионалната партија на Лигата на социјалдемократите на Војводина и верен застапник за самостојноста на Војводина, за референдумот од 1 октомври беше во Барселона.

Но, за Флоријан Бибер, професор на студиите за Југоисточна Европа на Универзитетот во Грац, Австрија, Војводина нетреба да предизвикува загриженост.

Во изјава за АФП, Бибер вели дека „тоа е регион со некое чувство за идентитет, но нема силни движења за независност и нема културни разлики со интензитет на Каталонија”.

Но, тоа не е случај со Прешевската долина што граничи со Косово и нејзините 75.000 жители, повеќето етнички Албанци кои се бореа против српските сили во 2001 година, надевајќи се дека ќе се припојат кон Косово.

Конфликтот заврши со мировен договор со меѓународно посредништво.

Косово

Јонуз Муслиу, лидер на партијата на етничките Албанци во регионот, го искористи каталонскиот референдум како шанса да ги повика светските лидери да го признаат референдумот на етничките Албанци во јужна Србија во 1992 година, кој во голема мерка беше игнориран.

-Референдум на етничките Албанци во Прешевската долина е исто така легитимен, изјави Муслиу.

Реален потенцијален случај

Босна, исто така, има деликатна ситуација со Република Српска, каде живеат Срби, кои сочинуваат речиси една третина од вкупно 3,5 милиони жители во оваа земја.

Повеќе од 20 години по војната во која загинаа 100.000 луѓе, босанските Срби се свртеа кон Белград наместо кон Сараево, а претседателот на Република Српска, Милорад Додик, постојано се заканува со референдум за независност.

-Можеби е време да почнам да зборувам рационално за можно мирно раздружување со Босна, рече тој по референдумот во Каталонија.

Флоријан Бибер

За Бибер, „доколку случајот со Каталонија биде успешен, тоа ќе го охрабри … Додик да ја оствари својата цел”.

Тој, исто така, смета дека постои уште еден “реален потенцијален случај”, кој би можел да биде инспириран од гласањето во Каталонија: Северно Косово, населено со Срби.

Во српскиот дел од Митровица, северен косовски град поделен по етнички линии, српските знамиња се насекаде, а портретите на Вучиќ се присутни насекаде.

Ова лето министерот за надворешни работи, Ивица Дачиќ, отворено се залагаше за “отцепување или како и да се нарекува” на северно Косово, кое граничи со Србија.

Но, без оглед на исходот во Каталонија, според Бибер, меѓународните лидери ќе покажат мал интерес за ново и потенцијално болно прецртување на балканските карти по сепаратистичките линии.

-Меѓународната заедница ги признава новите држави “во вонредни околности”, како што се “масовна репресија … силно, насилно движење за независност, како во Косово … (или) кога државата веќе се распаѓа … како што беше во Југославија , коментира Бибер.

Според него, Каталонија не одговара на ниту една од овие категории, а за тоа немаат предиспозиции ниту Република Српска ниту северниот дел на Косово.

Извор: АФП

балкан Босна Војводина Каталонија Косово Република Српска Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.