Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Катимерини: Позитивна клима по промената на власта

0
By Нова ТВ on November 24, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 24, 2017 10:34

Средбата меѓу претставници на Македонија и Грција со посредникот на Обединетите нации за спорот со името, Метју Нимиц, која е закажана за 11 и 12 декември во Брисел е знак за континуитетот на позитивната клима, која се создаде во односите меѓу двете земји по промената на власта во Македонија, јавуваат грчките медиуми, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

Следниот самит на НАТО, кој треба да се одржи на 11 и 12 јули во Брисел се јавува во функција на некаква временска рамка, која го придвижува решавањето на спорот и постигнување взаемно прифатливо решение. Македонија се надева дека конечно ќе се отвори патот да стане членка на Алијансата.

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас повеќе пати напомена дека прашањето ќе биде решено во првата половина на 2018 година, предупредувајќи дека доколку ова не се случи ќе има големи потешкотии.

– Ако не се реши спорот ќе има големи потешкотии. Ако се реши потребни се три до четири месеци бирократски процедури во ОН. Така што сето тоа ќе биде завршено до крајот на 2018. Во 2019 година ќе почнат претседателските избори во соседната земја, летото 2019 ние ќе имаме избори, изјави неодамна Коѕијас.

Грчките медиуми коментираат дека прашање е дали промената на власта во Македонија навистина значи и промена на ставот.

– Ставовите изнесени од премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров се умерени и проткаени со духот за подготвеност за компромис. Но, сепак, има голема разлика од изјавите во јавноста до суштинско усвојување на поинаква позиција. И секако не е во прашање само името нешто што предизвикуваа големи реакции во ПЈРМ. Дури и да се постигне взаемно прифатливо решение, потребно е да се има подготвеност тоа да се употребува, пишува „Катимерини“.

Двете земји додава весникот, спроведуваат мерки за градење доверба, преку мали и лесни чекори, но симболични и мошне корисни.

Во тој контекст, коментираат грчките медиуми е забележливо и смирување на страстите, околу агендата на поранешниот премиер Никола Груевски околу проектот Скопје-2014.

Димитров Заев Катимерини Коѕиас Нимиц Преговори за името
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.