Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Катимерини:„Замор во спринтот за скопското прашање“

0
By Нова ТВ on April 17, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 17, 2018 13:16

Под наслов „Замор во спринтот за скопското прашање” грчкиот весник „Катимерини” ги анализира последните случувања во разговорите за името меѓу Македонија и Грција. Новинарот пишува дека иако двете страни се договорени речиси за сите регионални прашања, сепак, остануваат отворени централните теми, како што е ерга омнес и уставната ревизија.

 „Индикација за заморот што постои на ниво на преговори е фактот што следните средби на Коѕијас и Димитров, кои ја држат „диригентската палка“ на дипломатските преговори меѓу двете земји ќе се одржат на почетокот на мај. Додека пак трите претходни (Скопје, Виена, Охрид) се одржаа во временски период од околу 20 дена. Практично, ова значи дека е надминат почетниот временски рок, што предвидуваше завршување на разговорите на крајот на март“, пишува весникот во анализата.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, „Катимерини“ го споменува и основното сценарио на грчката страна, да се направи уставна ревизија за решението автоматски да донесе и признавање под новото име и во и вон нашата земја. Сепак, новинарот коментира дека намерата, особено на ЕУ за „success story“ на Балканот може да доведе до притисоци и враќање на почетното сценарио од пред околу четири месеци, тоа за Меѓународен договор што ќе носи гаранции за промени во догледно време.

Она што, според „Катимерини“, веќе ја загрижува Атина е започнување на „blame game“, односно меѓусебно префрлање на вината, доколку не успеат преговорите.

Весникот го споменува и дописот од Нимиц до двајцата министри за надворешни работи испратен во периодот меѓу последните две средби, онаа во Виена и Охрид. Според информациите на „Катимерини“, се чини дека специјалниот претставник на ОН во разговорите за името оценува дека можностите за подобрување на постоечките околности се ограничени, но дека сега е моментот, двете страни да одат напред и да постигнат конечен договор.

„Дописот на господинот Нимиц не е само технички и правен текст, туку веројатно насоки кои ги вклучуваат основните параметри за можно решение. Ова толкување не и се допаѓа на Атина, главно поради тоа што не сака активна вклученост на господинот Нимиц во преговорите, освен негово посредство. Освен тоа, контактите што во минатото ги имаа господинот Коѕијас со господинот Нимиц, секогаш имаа одредена доза на тешкотија“, пишува „Катимерини“.

Весникот коментира дека премиерите на двете земји се решени да одат напред за да се реши спорот, а меѓу Заев и Ципрас постои „директен канал на комуникација, иако до сега бил активиран само неколку пати“.

И премиерот Заев на брифинг со новинарите потврди дека новото име за меѓународна употреба и опсегот се двете прашања за кои се уште има разлики во преговорите меѓу Македонија и Грција за надминување на спорот за името.

„Не е решен опсегот и името за меѓународна употреба, многу сме блиску во делот на идентитетот, државјанството и јазикот, другите се апсолвирани, а отворено е и прашањето за иредентизмот“ рече Заев.

Заев кажа дека Грција бара „ерга омнес“ да се однесува и за домашна употреба, додека Македонија е на став дека договореното име треба да биде само за меѓународна употреба затоа што домашната употреба на името нема никакво влијание врз Грција.

 

 

Заев спор за име Ципрас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.