Светската фармацевтска компанија „Новартис“ е казнета за корупција и подмитување на лекари, болници и клиники во Грција и во Виетнам со цел на пациентите да им се препишуваат нејзини лекови и да се користи нејзина хирушка опрема.

Министерството за правда на САД соопшти дека „Новартис“ во Грција се согласи на спогодба според која компанија ќе плати казна од 225 милиони долари.

Покрај тоа, компанијата се согласи да плати и дополнителни 112,8 милиони долари за подмирување на трошоците за граѓанските парници, плус 8,9 милиони долари на име на кривична казна. На „Новартис“ ќе и биде судено во САД за подмитување на лекарите.