Министерството за внатрешни работи (МВР) во последните 24 часа на територијата на цела држава регистрира 706 случаи на непочитување на мерката за носење на заштитна маска која е во донесена во насока на спречување на ширењето на коронавирусот.
Притоа од МВР информираат дека се издадени решенија за изолација на 274 лица, а 255 потпишале изјави за самоизолација.
Полициски службеници извршиле контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што се констатирани четири прекршувања на изречените мерки.