Светска банка прогнозира дека војната во Украина ќе го предизвика најголемиот ценовен шок во последните 5 децении а цените и натаму ќе растат.
Војната се очекува да предизвика најголем ценовен шок кај суровините од 1970-тите. Ќе поскапува се, од природен гас до пченица и памук. Цените на енергенсите се очекува да пораснат за повеќе од 50 отсто. Ова ќе ги погоди граѓаните и компаниите.
„Зголемувањето на цената „почнува да има многу големи економски и хуманитарни ефекти“. Домаќинствата ширум светот ги чувствуваат трошоците за живот“, рече за Би-Би-Си, Питер Најџел, коавтор на извештајот.
Најголем пораст ќе има цената на природниот гас во Европа. Цените се очекува да паднат следната година и во 2024 година, но и тогаш ќе бидат за 15 отсто повисоки од минатата година.