Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќе се сретнат ли Заев и Ципрас во Давос

0
By Нова ТВ on January 15, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 15, 2018 08:45

Во фокусот на грчките медиуми секојдневно се темите поврзани со Република Македонија и спорот што Грција го има за името на нашата земја.

Интернет изданието на грчкиот весник Real објави дека македонскиот и грчкиот премиер Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе имаат билатерална средба на 24 јануари за време на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, пренесува МИА.

Средбата Заев – Ципрас, според весникот, е факт што ги потврдува информациите дека за време на разговорите на шефовите на дипломатиите Коѕијас – Никола Димитров во Солун, постоел голем напредок. Коѕијас и Димитров, како што пренесува Real, ќе бидат исто така во Давос.

Грчките медиуми во изминатиот период шпекулираа дека е можна средба на Заев и Ципрас на форумот, но не постоеше потврда ниту од едната ниту од другата страна.

Единствено, од македонската владина прес-служба, минатата недела соопштија дека владина делегација предводена од премиерот Заев на 25 и 26 јануари ќе учествува на Светскиот економски форум во Давос.

Анкета: Грците не сакаат име што содржи Македонија

Ρечиси седум од десет Грци не се согласуваат терминот Македонија да биде вклучен во името. Според истражувањето на јавното мислење на агенцијата „Марк“ за грчкиот весник „Прото тема“, 68 отсто од испитаниците одговараат негативно на прашањето дали Грција треба да се согласи за сложено име со терминот Македонија. Позитивен одговор, дале само 23.6 проценти од анкетираните .

– Не го сака грчкото општество, од Еврос до Крит, ниту пак поддржувачите на СИРИЗА (64 отсто). 68 отсто НЕ за име со Македонија, пишува неделникот „Прото тема“ на насловната страна, во однос на спроведената анкета.

Од оние кои одговориле негативно на прашањето за терминот Македонија, според резултатите, 63.8 отсто се гласачи на владејачката СИРИЗА, а слична е климата и кај оние кои на изборите во 2015 гласале за опозициската Нова демократија, 67 отсто се против зборот „Македонија“.

Лидерот на Независни Грци Панос Каменос, пак, во колумна за неделното издание на весникот „Демократиа“ пишува, меѓу другото, за референдум во Грција, позициите за името, барањето терминот Македонија да не биде вклучен во сложеното име.

– Грчкиот народ ќе треба да одлучи за ова, без преседан во историјата на човештвото, отстапување на истријата и културата на друг народ.- пишува Каменос и објаснува дека секое вклучување на термниот Македонија во името би значело пад на грчката култура, историја, уметност и сл.

Како што јавува дописникот на МИА од Атина, коалицискиот партнер во грчката влада, вели дека „одлуката за вклучување на терминот Македонија, ги надминува овластувањата на кој било политичар“.

Кон крајот на октомври минатата година, говорејќи во Солун, Панос Каменос, рече дека е потребно да се распише референдум и во Грција за името, а три месеци подоцна, одново го споменува неговото барање. Претставници на грчката влада од редовите на СИРИЗА, во изминатиот период велеа дека нема да биде потребно одржување референдум во Грција.

анкета грчки весници Давос Заев Ципрас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.