Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќе „светне“ ден за вработените во СЈО: Јовески ќе ги потпишува платите

0
By Нова ТВ on December 5, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 5, 2019 12:24

Ќе почнат ли вработените во СЈО конечно да добиваат плати по неколку месечниот застој што настана поради тоа што по разрешувањето на Катица Јанева нема кој да потпише за распределба на средствата? – Пари на сметката на СЈО има, но џабе кога нема потпис.

Со измените на Законот за јавнообвинителска служба, чии предлагачи се пратениците од мнозинството, треба да се реши проблемот со тоа што се предвидува републичкиот Јавен обвинител Љубомир Јовевски да биде задолжен за сите платни налози се до 15 септември следната година, кога и официјално СЈО прекинува да постои. Мандатот на Јанева истече на 15 септември годинава.

Воедно, се предлага Јовески да има надлежност и врз истражителите кои своевремено СЈО ги позајми од МВР и од Финансовата полиција, а во иднина ќе работат и на случаи кои ќе ги отвори ОЈО. Наводно, овие измени биле подготвени многу бргу по разрешувањето на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, но биле „забавени“ заради случувањата што постојано излегуваа во јавноста околу СЈО.

Фото: occrp.org

Во предлог законот е наведено дека сите порано вработени во Основното јавно обвинителство да се вратат на своите стари работни места, а за останатите ќе се направи систематизација.

„За сите прашања кои се однесуваат на работниот однос на јавнообвинителските службеници и лицата вработени во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите кои вршат технички и помошни работи одлучува Јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите или Јавниот обвинител на Република Северна Македонија доколку нема избрано Јавен обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите“, стои во предлог-законот.

Околу 80 вработени во Специјалното јавно обвинителство и натаму чекаат три неисплатени плати. Телефоните се исклучени, а нема ниту интернет. Вработените кои секојдневно одат на работа, алармираат дека освен платата што ја немаат земено, за институцијата не се платени ниту сметки за струја, ниту за кирија и сè поизвесно е дека зградата во која „бомбите“ требаше да бидат на безбедно, ќе остане без струја.

Љубомир Јовески плати СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.