Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Келнери на „Боемска улица“ спречиле инспекциски надзор, на гости им бил Мицкоски?

0
By Нова ТВ on June 3, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: denar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 3, 2020 21:56

Епидемиолозите не се единствени кои наидуваат на проблеми на терен при правењето на епидемиолошките анкети. Во спречување при извршување на обврските попладнево наидоа и инспектори на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) кои, како што објави порталот „а1он.мк“, два и пол часа останале пред ресторанот „Винотека“ на Боемска улица во Дебар маало. Во тоа, се вели во веста на порталот, ги оневозможиле келнерите, а причина за „непристапноста“ во внатрешноста на локалот бил политичар меѓу гостите.

Случката ја потврди и раскажа и Мери Продановска, инспекторка во ДПИ, која истакна дека во прашање бил лидер на политичка партија. Таа вели дека за првпат се соочуваат со таков отпор при спроведување на теренските активности, а „а1он.мк“ пишува дека во „Винотека“ во моментот бил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Низ целата „Боемска улица“ проверувавме дали и во внатрешноста на кафеаните се врши некаква активност. Колегите беа спречени во вршење на надзор во еден од објектите, со образложение дека не работи, нема клуч и внатре не се случува ништо. Но, тие останаа пред објектот и по два и пол часа забележаа како две лица излегуваат од него, а некој препозна политичар. По нив уште две лица го напуштија објектот, меѓутоа нив ниту ги препознавме, ниту можевме да ги легитимитаме. Конечно влеговме во внатрешноста, беше празен, но забележливи беа елементи како храна во кујната, чинии, отпадоци, шишиња кои упатуваа дека внатре се вршела дејност“, изјави Продановска за „а1он.мк“.

Од Инспекторатот најавија постапка за спречување на инспекциски надзор и вршење на дело спротивно на протоколите што претставува кривично дело. Пред објект во Дебар маало бил забележан и Ристо Ставревски, началник на СВР Скопје, кој бил во придружба на полициска екипа.

Дебар маало инспекција Кафеани Надзор Попречување Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026
shortcut
ФОКУС
July 26, 2026Updated:July 26, 2026

Куриозитет: На 61 година го роди своето прво дете – прво па машко

ВЕСТИ July 26, 2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р…

Пред години: Скопје / 26-ти јули 1963 / 05:17

July 26, 2026

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

July 24, 2026

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026
ТИКЕР

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.