Украинскиот парламент ја откажа седницата поради нова закана од напади.
Овој потег доаѓа откако Москва вчера испали експериментална балистичка ракета со среден дострел кврз Украина.
Како што најавија надлежните, пленарната седница ќе продолжи следната недела.
Украина објави дека Русија вчера лансирала нов тип балистичка ракета кон градот Днипро како најнова ескалација на непријателствата и алармантен сигнал до западните поддржувачи на Кијив.
Рускиот претседател Владимир Путин синоќа изјави дека Русија како одговор на нападите на американските и британските ракети со долг дострел лансирала нова балистичка ракета со среден дострел „Орешник“ на украинска територија, на која, како што рече, современите системи немаат начин да ѝ се спротивстават.