Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кина прифаќа меѓународна истрага за ковид-19 ако ја води СЗО и да нема политички влијанија

0
By Нова ТВ on May 25, 2020 ВЕСТИ
Фото: trialsitenews.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји ги осуди обидите на американски политичари да „фабрикуваат шпекулации“ за потеклото на вирусот и да ја „стигматизираат Кина“. Во последните неколку недели САД и Австралија повикаа на истрага за изворот на пандемијата. Американскиот претседател Доналд Трамп и шефот на дипломатијата Мајк Помпео ја обвинија Кина за недоволна транспарентност околу пандемијата и повеќе пати споделуваа шпекулации дека вирусот протекол од кинеска лабораторија.

Повеќето научници веруваат дека вирусот потекнува од лилјак, а потоа преку друг цицач се пренел на човекот. Изворот досега се лоцираше во пазарот за диви животни во кинескиот град Вухан.

„Кине е подготвена на соработка со меѓународната научна заедница за да се испита изворот на вирусот. Истовремено, веруваме дека таа треба да биде професионална, фер и конструктивна. Фер значи процес ослободен од политичко мешање, почитување за суверенитетот на сите држави и без презумпција на вина“, изјави Ванг.

Кинескиот виролошки институт, кој беше предмет на обвинувања од САД дека е извор на вирусот, соопшти дека поседува три живи видови на коронавирус од лилјак, но ниту еден не е истоветен со актуелниот ковид-19.

Директорката на Институтот за вирологија во Вухан, Ванг Јанји изјави дека обвинувањата оти вирусот е произведен во лабораторија се „чиста фабрикација“.

„Ние во моментот имаме три видови на живи вируси од лилјаци, но најголемата сличност со ковид-19 е 79,8 проценти“, вели таа.

Од лабораторијата во Вухан велат дека за првпат добиле примероци од новиот вирус на 30 декември минатата година, а до 2 јануари успеале да го откријат и геномот на вирусот.

„Како и сите други, ние немавме поим дека таков вирус постои. Како можел да протече од нашата лабораторија кога ние никогаш не сме го имале?“, рече Ванг.

истрага Кина Коронавирус Потекло СЗО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.