Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кинематограферската ѕвезда Ањес Годар претставена на „Браќа Манаки“

0
By Нова ТВ on September 29, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 29, 2017 16:05

Фестивалот „Браќа Манаки“ денеска беше домаќин на врвни кинематографери од Русија, Унгарија, како и француската кинематографска ѕвезда Ањес Годар, а беше промовирана и монографијата за браќата Манаки, која по долгогодишно истражување на архивот во Битола, ја подготви Роберт Јанкуловски.

Годар во 2013 година ја доби Златната камера 300 за особен придонес во светската кинематографија. Токму тоа гостување во Битола, по кое направила обиколка на Македонија, ја инспирирало да работи на филм кој ќе се снима во нашата држава, па така, соработката со режисерката Теона Стругар Митевска, резултираше со филмот „Кога денот немаше име“, кој ќе се прикаже вечерва на фестивалот.

Ањес Годар оваа година е застапена со два филмови како кинематограферка, а нејзиниот втор филм „Нека влезе сонцето“ во режија на Клер Денис со Жулиет Бинош во главната улога, утревечер ќе го затвори 38.издание на „Браќа Манаки“.

Ањес Годар веќе триесет години соработува со режисерката Клер Денис, а тајната на оваа долгогодишна соработка лежи во преклопувањето на нивните естетски преференци.

„Откако завршив факултет, снимав еден краток филм во чест на мојот татко, кој почина многу рано. Клер го виде тој филм и ми понуди да соработувам со неа. Оттогаш ние веќе 30 години работиме заедно. Успехот на нашата соработка е во тоа што нашите средби се одвиваат претежно на сетовите, не ја анализираме премногу нашата работа ниту пак нашиот меѓусебен однос на соработка, едноставно чувството за естетика ни се поклопува“, вели Годар.

За соработката со Теона Митевска за филмот „Кога денот немаше име“, таа објасни дека одамна имала желба да снима на овие простори.

„Мојот дедо за време на Првата светска војна, во сплет на околности бил овде на овие простори. Јас за прв пат ја видов Македонија кога дојдов на „Браќа Манаки“ во 2013 година. Кога Теона Митревска ми го прати сценариото, веднаш бев заведена од темата за животот на македонските тинејџери. Бидејќи припаѓам на постара генерација, бев среќна што ќе имам можност да се сретнам со луѓе од различен дел од светот, со различна култура и од различна возраст“, вели Годар.

Унгарскиот филм  „За тело и душа“ од главната компетиција, синоќа ги воодушеви битолчани. Филмот е добитник на „Златна мечка“ во Берлин, а ќе учествува и во изборот за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје на доделувањето на Оскарите во 2018 година.

Денеска на фестивалот се одржа и промоција на Монографијата за браќата Јанаки и Милтон Манаки, на Роберт Јанкуловски. Синоќа беше прикажан и документарниот филм, исто така во режија на Роберт Јанкуловски, кој говори за фотографиите на браќата Манаки.

Филмологот Игор Старделов од Кинотеката на Македонија, кој ја промовираше книгата, рече дека бил пресреќен што конечно некој се нафатил да ги истражува фотографиите на браќата Манаки.

„Во Архивот на Македонија, подрачно одделение Битола, постојат илјадници негативи од фотографии кои никој до сега не ги погледнал. Роберт се нафати на макотрпната работа да ги дигитализира и зачува негативите од стаклените плочи. Тоа значи дека тие се сега дигитализирани и зачувани. Многу ме радува што процесот на дигитализација и на останатите материјали продолжи во архивот“, рече Старделов.

Тој исто така истакна дека значајниот исчекор што го направил Јанкуловски во истражувањето на делата на браќата Манаки е тоа што ја анализирал и естетската вредност на фотографиите на браќата.

Ацо Кимовски, од битолското одделение на Државниот архив на Македонија, истакна дека работата на Јанкуловски ги мотивирала да продолжат со дигитализирање и на преостанатите материјали кои се наоѓаат во архивот.

Јанкуловски пак, вели дека Битола е пред се фотографски град, а потоа филмски град.

„Битола е повеќе фотографски отколку филмски град, се надевам дека во иднина ќе се направи по една монографија за сите значајни фотографи од овој град, како Папакоч, Пинза, и многу други. Некои од нив работеле и пред браќата Манаки“, вели Јанкуловски.

На вчерашната Студентска програма пак, во Магазата во Битола,  студентите по филм имаа можност да разговараат со Микеле Ди Ангелис, режисерот на „Студија на случај: Човекот зад камерата“. Микеле одржа и предавање за филмот сфатен повеќе од филозофски аспект и релациите помеѓу филмот и реалноста.

Вечерва на програмата на Манаки е филмот „Кога денот немаше име“ во режија на Теона Стругар Митевска, како дел од главната компетиција. По него ќе следува филмот „Забавата“ на режисерката Сали Потер.

Утревечер со свечено доделување на Специјалната Златна Камера 300 на Милчо Манчевски за особено придонес во светската кинематографија и со прогласувањето на добитниците на Златна, Сребрена и Бронзена Камера 300, како и проекцијата на филмот „Нека влезе сонцето“, завршува годинашниот Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.

Ањес Годар Браќа Манаки монографија филмски фестивал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.