Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кире Лазаров за Словенија: Тие се фаворити, ние нема што да загубиме

0
By Нова ТВ on January 15, 2017 СПОРТ
Фото: francehandball2017.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, January 15, 2017 00:20

Кире Лазаров се врати на првото место на листата на стрелци на Светското ракометно првенство во Франција. Со десетте гола против Ангола, македонскиот капитен има вкупно 22 по два одиграни меча во Мец, девет повеќе од Уве Геншајмер кој допрва треба да настапи во второто коло на турнирот.

Срцето на „црвено-жолтите“, како што Веселин Вујовиќ го опиша значењето на Лазаров за репрезентација на Македонија, потенцира влезот против Ангола не бил согласно договорот. Но, настаните на теренот набрзо потоа почна да добиваат посакуван правец.

„Нервозата на почетокот сами ја направивме. Промашивме шест-седум зицери, направивме две-три технички грешки. Но, потоа работите си дојдоа на свое место. Против условно речено поголеми репрезентации тоа не треба да се случува“, беа првите впечатоци на Лазаров по Ангола.

Македонската репрезентација има ден пауза на првенството. Наредниот дуел е закажан за понеделник (17,45 ч.) против Словенија на чија клупа е Веселин Вујовиќ и која по две одиграни кола е лидер во групата Б со исто ефект како „црвено-жолтиот“. Словенците во првото коло ја декласираа Ангола (42:25), во второто го совладаа Исланд со гол разлика (26:25).

„Нема што да загубиме со Словенија. Фаворитската улога ја предаваме. Беа на Олимјадана, поискусни се, имаат подолга клупа, повеќе време се заедно, играат во добри клубови. Како што се договоривме пред првенството, ние ќе одиме чекор по чекор. Секој натпревар е засебен, различен и тежок сам по себе. Наше е да се обидеме да изненадиме со храбра и пожртвувана игра“, додаде најдобриот голгетер на шампионатот засега.

Фото: francehandball2017.com

Червар: Меѓу Словенија, Шпанија и Исланд ќе настрада некој, кој ќе биде ќе видиме

И селекторот Лино Червар го нагласи опуштениот и нервозен почеток против Ангола. Се случи и покрај неговите предупредувања и за среќа не траеше долго и не се одрази на генералниот впечаток и конечниот исход.

„Предупредив дека нема лесни мечеви. Секој е тежок и во секој треба да се пристапи сериозно што не беше случај на стартот со Ангола. Се чувствуваше и мала нервоза што резултира со неколку технички грешки и нереализирани зицери. Сепак, најважно е што победивме на крајот. Важни се резултатите, се бројат бодовите. Со четири по два меча пполесно се дише“, истакна предводникот на македонскиот тим.

Македонија ја исполни примарната мисија во групната фаза. Оствари две победи против Тунис и Ангола што ширум ѝ отвораат простор за осминафинале. Во наредните три меча останува борба за што подобра позиција на табелата, по можност избегнување на четвртото место што ќе значи и разминување со домаќинот Франција.

„Остануваме аутсадери и во наредните три средби пред нас како што бевме и пред мечот со Тунис. Малите репрезентации мора да покажат срце. Се надевам дека македонското ќе дојде до израз и некоја од селекциите на Словенија, на Шпанија и на Исланд ќе настрада. Која ќе биде ќе видиме. Сите тие се силни, но ние мора да играме и со срце и со глава“, порача Червар.

 

 

Кире Лазаров Лино Червар Македонија СП во ракомет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 2, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

ВЕСТИ June 2, 2026

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се…

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.