Валенсија го официјализира трансферот на Јаспер Силесен од Барселона. Интерес за холандскиот голман имаше и Рома, но поранешниот чувар на мрежата на Ајакс реши да остане во Примера и со популарните „лилјаци“ да игра во Лигата на шампиони во сезоната 2019/20.
Тимот од „Месталја“ попладнево го претстави Силесен. И тоа на оригинален начин. Холандскиот репрезентативец за добредојде доби кломпи во портокалова боја и со мотиви на Валенсија.
Tenemos nuevo 🦇 en Valencia…
Y se siente como en casa 🙌🏼…de pies a cabeza 😜
👣👣👣👣👣👣👣👣👣👣👣#amuntvalencia pic.twitter.com/304y2rbzXX
— Valencia CF 🦇💯 (@valenciacf) June 25, 2019
Од 2011 година до 2016 година, Силесен беше меѓу стативите на Ајакс. Повеќе од деценија претходно мина во НЕЦ Нијмеген каде во сезоната 2010/11 бранеше за првата екипа. Кариерата ја почна во третолигашот Де Треферс и за холандската репрезентација досега има 48 настапи.
Пред три години ја прифати понудата на Барселона, но не успеа да го загрози статусот на стандардниот Марк Андре тер Штеген.