Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Клоп имаше клуч за бравата на Мурињо на „Енфилд“: Шаќири го урна Манчестер Ј.

0
By Нова ТВ on December 16, 2018 СПОРТ
Фото: newindianexpress.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Јирген Клоп доби уште еден дуел со Жозе Мурињо. Овојпат на „Енфилд Роуд“. Ливерпул го совлада Манчестер јунајтед со 3:1 (полувреме 1:1) во дербито на 17. коло во Премиерлигата или ако сакате „дербито на Англија“ и го задржа врвот на табелата.

Германскиот менаџер го чуваше адутот за трите бода крај себе до 70. минута. Го уфрли во игра Џердан Шаќири и со него ги отклучи неколкуте брави што Португалецот ги беше поставил по израмнувачкиот погодок на Џеси Лингард во 33. минута. Само три минути по втрчување во терен, швајцарскиот репрезентативец погоди за 2:1 на „црвените“, а во 80. минута успеа по вторпат да го совлада Де Хеа за заверка на победата на домашните за кои првиот гол го постигна Мане во 24. минута.

Ливерпул со овој триумф само го надгради најдобриот старт во Премиерлигата во клупската историја и сè уште не знаат за пораз по 17 одиграни средби. Моментно се лидери во конкуренцијата со 45 бода, еден повеќе од Манчестер сити, додека Јунајтед заостанува дури 19 бода зад екипата од „Енфилд“. Ова воедно беше прва победа на „црвените“ над Манчестер Ј. од 2013 година како најнова потврда за сериозноста на нивните намери за напад на шампионската титула во оваа сезона.

Премиерлига, 17 коло

Ливерпул – Манчестер Јунајтед 3:1

Саутемптон – Арсенал 3:2

Брајтон – Челзи 1:2

Фулам – Вест Хем 0:2

Кристал Палас – Лестер 1:0

Хадерсфилд – Њукасл 0:1

Тотенхем – Барнли 1:0

Вотфорд – Кардиф 3:2

Вулверхемптон – Борнмут 2:0

Манчестер сити – Евертон 3:1

Табела: Ливерпул 45, Манчестер сити 44, Тотенхем 39, Челзи 37, Арсенал 34, Манчестер јунајтед 26, Вулверхемптон 25, Евертон 24, вест Хем 24, Вотфорд 24, Борнмут 23, Лестер 22, Брајтон 21, Њукасл 16, Кристал Палас 15, Кардиф 14, Саутемптон 12, Барнли 12, Хадерсфилд 10, Фулам 9.

Ливерпул Манчестер Јунајтед Премиерлига фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.