Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Клоп со порака за реваншот во Рим: Ливерпул не е Барселона

0
By Нова ТВ on April 25, 2018 СПОРТ
Фото: goal.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Јирген Клоп е горд на своите фудбалери од начинот на кои ја совладаа Рома во првиот меч од полуфиналето во Лигата на шампиони. Германскиот менаџер на „црвените“ со пофални зборови за Мохамед Салах, за неговиот ефект против „волчицата“ и за фантастичната форма во која игра.

„Салах игра извонредно во оваа сезона. Во одлична форма е, одличен фудбалер е. Среќен сум поради него, но мора долгорочно да ја одржи за да биде најдобар во светот. Првиот гол му беше генијален, вториот исто така брилијантен“, изјави Клоп по средбата на „Енфилд“.

Египетскиот репрезентативец постигна два гола и асистираше уште за два во триумфот над Рома со 5:2 за трасирање на Ливерпул кон финале во ЛШ.

„Првиот меч покажа зошто можеме да ги победиме и во реваншот во Рим иако очекувам сосема поинаков натпревар. Рома е таа што ќе мора да нападне, но неколку пати досега реков дека Ливерпул не е Барселона бидејќи постојат само неколку клубови во светот што освоиле се што може да се освои“, нагласува тренерот на Ливерпул.

„Црвените“ ќе патуваат на реванш со Рома со залиха од три гола. По два од петте за нив постигнаа Салах и Фирмињо, еден беше дело на Мане додека стрелци за римјаните беа Џеко и Пероти од пенал.

Јирген Клоп Ливерпул Лига на шампиони фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.