Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Книжевна вечер со бугарско-британската авторка Капка Касабова в среда во „Буква“

0
By Zoran Ivanov on August 22, 2025 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На 20 август (среда) од 20 часот во кафе-книжарницата Буква ќе се одржи „Книжевна средба со Капка Касабова“ во организација на Или-Или, нејзиниот издавач на македонските изданија.

Низ разговор со авторката, творештвото на Касабова, со фокус на двете книги преведени на македонски, „Кон езерото“ и „Граница“, ќе го претстават Ана Витанова Рингачева и Александар Маџаровски а за преведувачките предизвици на нејзините дела ќе зборува Бранислав Мирчевски.

Оваа вечер ќе биде ретка можност за нашите читатели да се запознаат со бугарско-британската авторка чии книги се преведени на многу јазици и за кои Касабова е добитничка на бројни награди и признанија.

ГРАНИЦА е документарно-поетски патопис низ балканскиот граничен појас меѓу Бугарија, Турција и Грција – простор обременет со историја, миграции и скриени приказни. Касабова се нурнува во митологијата, политиката и судбините на луѓето кои живеат во овие гранични зони, откривајќи еден свет кој е истовремено суров и магичен.

КОН ЕЗЕРОТО продолжува во сличен дух, но се фокусира на Охридското Езеро и Преспанското Езеро – региони каде што се испреплетуваат природата, меморијата и историјата. Книгата е интимно патување на авторката низ земјите и луѓето околу езерата, вклучувајќи и нејзино лично семејно минато.

Со книгите ЕЛИКСИР и АНИМА Капка Касабова ја заокружи т.н. Балканска тетралогија. Издавачот Или-Или и овие две книги ќе ги објави на македонски јазик.

Капка Касабова е родена во Софија, израсната во Нов Зеланд, а живее во Шкотска. Пишува на англиски јазик и нејзините дела се преведени на повеќе од 20 јазици. Позната е по уникатниот стил кој ги спојува патописот, мемоарот, историјата и поезијата. Добитничка е на бројни меѓународни награди, меѓу кои и Nicolas Bouvier Prize, British Academy Book Prize for Global Cultural Understanding, Highland Book Prize, Saltire Society Scottish Book of the Year, Edward Stanford Dolman Travel Book of the Year.

 

поезија Струга фестивал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.