Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кои се правните основи за екстрадиција на Груевски

0
By Нова ТВ on November 19, 2018 ПОЛИТИКА
фото AFP
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за правда забрзано работи на комплетирање на потребната документација за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски, но не посочуваат кога точно ќе биде завршена и испратена во Будимпешта. Велат дека поради сензитивноста на материјалите, засега не можат да дадат повеќе информации.

Од Министерството нагласуваат дека има правен основ Македонија да побара екстрадиција од Унгарија за Груевски, а тоа е Европската конвенција за екстрадиција и Законот за меѓународна соработка во кривичната материја.

Груевски, по бегството кое уследи откако требаше да се јави на издржувањето на двегодишната затворска казна за набавката на владиниот „луксузен мерцедес“, побара политички азил во Унгарија. Во македонското Министерство за внатрешни работи беа отворени две истраги. Со нив треба да се утврди како избегал Груевски и дали некој од полицијата му помогнал, по што се очекува МВР да излезе со детали.

Досега, македонското МВР и Обвинителството не излегоа со официјални информации за бегството и движењето на Груевски и за тоа каде се пропустите во целиот случај.

Она што досега се знае за рутата по која се движел Груевски, а за што потврда стигна од албанската полиција, е дека тој бил на албанска територија и од таму преку преминот Хан Хоти се упатил кон Црна Гора. Портпаролот на албанската полиција за АТФ изјави дека Груевски во Абанија несомнено влегол пеш, бидејќи неговиот влез не е регистриран на ниту еден граничен премин меѓу Македонија и Албанија. Од Албанија влегол во Црна Гора од каде, според  српските и црногорските медиуми, кои се повикуваат на дипломатски извори, влегол во Србија преку граничниот премин Добраково, а оттаму заминал за Унгарија.

Дел од домашните медиуми вчера ја пренесоа и информацијата на бугарски „Фокус“ дека Груевски ја напуштил Унгарија и заминал за Турција или Русија. Но, од македонското МВР велат дека според официјалните информации што ги имаат, Груевски и натаму е во Унгарија каде што чека политички азил.

Со стапувањето во сила на Законот за меѓународна соработка во кривичната материја во декември 2013 година како новина е воведена скратена постапка за екстрадиција, која му дава можност на бараното лице да се согласи да биде предадено на правосудните органи на сопствената земја, без при тоа да биде спроведена формална постапка за екстрадиција. Во оваа постапка роковите за преземање се многу кратки и рокот го одредува државата во која лицето е притворено.

Од досегашната пракса рокот за преземање при скратена постапка се движи од еден до два месеца, но има и случаи кога може скратената постапка да биде реализирана и во рок пократок од 30 дена.

Извор ЕПА/МИА

Груевски екстрадиција правни основи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.