Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кои се „црните тројки“ кои заплашуваат граѓани во име на „патриотизам“

0
By Нова ТВ on March 10, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 10, 2017 18:45

Десетина прилепчани пред два дена затропаа на вратата од домот во којшто живее пратеникот од СДСМ од Прилеп, Хари Локвенец, и му предадоа покана и знаме со барање да се приклучи на протестот на „Иницијативата за заедничка Македонија“. Тие се претставија како членови на македонското патриотско здружение „Пере Тошев“, а целата акција ја снимиле со мобилен телефон.

https://novatv.mk/storage/2017/03/17180808_1742461662736642_3491136945050877952_n.mp4

Им отвори малолетниот син на Локвенец кој им рече дека татко му не е дома и им ја затвори вратата, а тие поканата ја оставија пред станот. Водачот на групата, како што може да се види на видеото, носи блуза на којашто пишува „Македонија на Македонците“.

Пред да ја достават поканата, истите со разглас ја прочитаа пред зградата кај што живее Локвенец.

„Носиме важна покана до вашиот комшија. Почитуван господине Хари Локвенец. Ако се чувствувате како Македонец или ако има барем нешто малку македонско во вас, во вашето срце и душа ве покануваме на 7 март во 18 часот пред споменикот „Прилепски бранители“ да кажете НЕ за платформата и договори направени во други држави. НЕ за промена на знаме, име и јазик. Почитуван Хари Локвенец те повикуваме да ни се придружиш на нашиот протест. Ќе ти доставиме и лично покана и едно македонско знаме кое можеш да го носиш на себе“, пишува во поканата на здружението „Пере Тошев“.

https://novatv.mk/storage/2017/03/17185323_1206690809446309_2056974539451006976_n1.mp4

Локвенец за НОВАТВ објаснува дека во тој момент неговите малолетни деца биле сами дома, а за „гласниците“ вели дека се нечесници кои ги вознемириле неговите деца. Тоа не е патриотизам, вели  пратеникот.

„Пред два дена нечесници дојдоа кај мене дома и ги вознемирија моите малолетни деца. Во исто време вие кои нему му верувате тој ги тера на криминал вашите малолетни деца, да ги напаѓаат и вознемируваат оние кои јавно се спротивставуваат на неговиот криминал и јавашлук. Тоа не е патриотизам, тоа е сеење на омраза, создавање на раздор, поттикнување на конфликт и нови поделби“, изјави Локвенец.

НОВАТВ откри кои се лицата кои му доставија покана на Локвенец. Дел од нив имаат дебели полициски досиеја и се осудени за тешки кривични дела, од насилство и кражби, до убиство. Еден од нив моментално е вработен во ЈКП „Водовод и канализација“ во Прилеп.

Изминатите денови, откако почнаа протестите на „Иницијативата за заедничка Македонија“ повеќе граѓани се вербално нападнати „во име на патриотизмот“, со напади дека се предавници, а сите овие акции си ги снимаат самите со мобилен и ги објавуваат на „Јутуб“.

Жртва на напад беше музичарот Златко Ориѓански, кого непознати лица го нарекуваа предавник и дека овозможува децата Македонци да учат албански јазик.

https://www.youtube.com/watch?v=rPvcgnbAHAg

Три лица пред неколку дена вербално го нападнаа и професорот на Правниот факултет, Љубомир Фрчковски, на кои тој им возврати.

Жртви на ваквите напади беа и новинарот на НОВАТВ, Борјан Јовановски, новинарот Бранко Тричковски, пратеничката Ивана Туфегџиќ, како и професорот Владимир Милчин

На вториот ден од протестите на „Иницијативата за заедничка Македонија“ беше нападната екипа на порталот А1он, а новинарот и снимателот завршија во болница. Еден од напаѓачите е идентификуван, а според информациите тој е вработен во Град Скопје.

иницијатива за заедничка македонија напади новинари протест
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 27, 2026

Каракас: Расте бројот на жртви од земјотресите во Венецуела – досега се евидентирани над 1.000 но над 50.000 граѓани се водат за исчезнати

ВЕСТИ June 27, 2026

Спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани под урнатините по двата силни земјотреси што ја…

САД извршија нови напади врз Иран

June 26, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.