Само што започна централниот митинг на СДСМ и коалицијата „За живот во Македонија“ кој беше закажан за вечерва во 18 часот пред Владата на Македонија. На митингот, претседателот на СДСМ, Зоран Заев и претставници од коалицијата ќе им ја презентираат предизборната програма на своите подджувачи.
На платото, пред бината може да се зџабележи големо присуство на граѓани, членови, подржувачи и симпатизери на опозицијата и коалицијата „За живот во Македонија“. Претходно, во попладневните часови можеа да се забележат колини од возила од цела држава, во правец кон Скопје, на централниот митинг пред Владата.