Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Коментар на амбасадорката на Украина Лариса Дир во врска со прогласувањето на ГЛАДОМОРОТ од 1932-1933 година во Украина и иницијативата „Grain from Ukraine“  

0
By Соња Крамарска on December 2, 2022 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, КОМЕНТАРИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Неверојатно сум им благодарна на македонското Собрание, Владата, медиумите и општеството за неверојатната поддршка и помош за Украина, како и за покривањето и споделувањето на вистинити информации за Гладоморот од 1932-1933 година во Украина, геноцидот врз украинскиот народ, што продолжува и сега од страна на државата – терорист Русија .

Украина чувствува силна поддршка од демократските земји во светот, особено, тоа беше многу забележливо во рамки на комеморативните настани во светот во чест на почитувањето на споменот на жртвите на Гладоморот од 1932-1933 година во Украина, што се одржа на 26 ноември 2022 година.

Деновиве уште четири земји се приклучија кон меѓународното прогласување на Гладоморот од 1932-1933 година во Украина, вештачки создаден од сталинистичкиот режим. Така, парламентите на Германија, Ирска и Молдавија усвоија одлука за прогласување на Гладоморот од 1932-1933 година во Украина како геноцид врз украинскиот народ, Парламентот на Романија го прогласи Гладоморот од 1932-1933 година како злосторство против украинскиот народ и против човештвото.

Денешната политика на Руската Федерација убиствено – доследно ја продолжува политиката на сталинистичка репресија насочена кон истребување на Украинците. Русија прибегнува кон користење на храната како оружје – овој пат со цел да ја уценува светската заедница, предизвикувајќи прехранбена криза од нејзините дејствија. Со својата агресивна воена кампања против целиот свет, Руската Федерација ја уништува украинската земјоделска инфраструктура, краде украинско жито од привремено окупираните територии на Украина и ја поткопува работата на Црноморската иницијатива за жито.

По девет месеци руска воена агресија против Украина, луѓе во другите делови на светот се соочуваат со недостиг на храна. Стотици милиони луѓе во светот може да настрадаат од убиствената политика на Русија.

Украина ја разбира својата одговорност и останува на зборот, останувајќи гарант за безбедноста на храната. Украина од прва рака доживеа што е тоа вештачки глад и со сите достапни средства се стреми да спречи повторување на гладоморите во светот.

На 26 ноември 2022 година, на Денот на сеќавање на жртвите на Гладоморот, Украина официјално го објави почетокот на новата хуманитарна иницијатива „Grain from Ukraine“ и го одржа првиот Меѓународен самит „International Summit оn Food Security“ во градот Киев. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, истакна дека „суштината на нашата нова хуманитарна иницијатива е многу едноставна, транспарентна, многу важна. Планираме да испратиме најмалку 60 бродови од украинските пристаништа во земјите кои се најпогодени од кризата со храна и имаат потреба од итна помош. Се работи за такви држави како Етиопија, Судан, Јужен Судан, Сомалија, Конго, Кенија, Јемен и други“.

Низа лидери пристигнаа во Киев за да учествуваат на првиот самит „International Summit оn Food Security“ и да ја поддржат иницијативата „Grain from Ukraine , вклучително претседателот на Унгарија Каталин Новак, премиерот на Белгија Александру Де Кро, премиерот на Полска Матеуш Моравјецки и премиерот на Литванија Ингриди Шимоните; претставници на голем број држави и меѓународни организации се приклучија на настанот во онлајн формат.

За својот финансиски, технички или логистички придонес во иницијативата исто така објавија Австрија, Бугарија, Обединетото Кралство, Грција, Естонија, ЕУ, Ирска, Шпанија, Италија, Канада, Катар, Латвија, Холандија, Германија, Норвешка, Португалија, Романија, Словенија, САД, Турција, Финска, Франција, Хрватска, Чешка, Швајцарија, Шведска, како и НАТО и ОН.

Генерално, во рамките на иницијативата веќе се акумулирани повеќе од 180 милиони американски долари. Собраните средства ќе бидат искористени за снабдување со украинска храна на земјите во Африка и Азија кои најмногу страдаат од глад. Во моментов, повеќе од 30 земји и меѓународни организации се изјаснија за поддршка на оваа важна иницијатива.

Иницијативата „Grain from Ukraine“ останува отворена за приклучување на други земји во текот на целиот период на нејзината работа.

 

Гладомор Киев Лариса Дир Русија Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.