Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Комуникацијата на Дајмлер бенц и Мак аутостар е новиот доказ во „Тенк“

0
By Нова ТВ on May 14, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судечкиот совет го одби приговорот на одбраната на обвинетите во „Тенк“ и прифати СЈО да ги презентира новодобиените докази.

Обвинителот Стевчо Донев рече дека новите докази биле добиени со замолница за меѓунaродна правна помош, содржaт 58 страници на македонски, германски и англиски јазик. Станува збор за е-маил комуникација меѓу Дајмлер бенц и Мак аутостар.

Адвокатите на обвинетите беа против судот да ги прифати новите докази на СЈО, но по инсистирањето на обвинителите дека станува збор за битни докази, судечкиот совет реши да ги прифати и да бидат разгледувани во постапката.

Содржината на новите докази не беше презентирана на денешното рочиште, а расправата продолжи со изведување докази на одбраната.

Судијката Добрила Кацарска ја опомена адвокатката на Никола Груевски дека изведува докази кои не смее да ги презентира во оваа фаза.

– На некој нечесен начин се обидувате да протнете доказ. Најпрвин ќе ги прочитате оние докази за кои судот ви дозволи да ги изведете. Држете се стриктно до тие докази. Тој технички наод и мислење кој го спомнавте, до овој момент ниту е доставен ниту најавен пред судот, затоа не можете да го изведете во оваа фаза, ја искара судијката Кацарска адвокатката Сања Алексиќ.

Груевски пак, побара од судот како доказ да ги прифати и документите за набавка на службен автомобил во Општина Новаци.

Според него и овој автомобил бил набавен на ист начин како мерцедесот, за што нему му се суди.

-Сакам да истакнам дека немаме намера да го одолговлекуваме рочиштето. Барањето да го дозволите доказот за набавка на автомобилот од страна на општина Новаци е со иста цел, односно да се докаже дека не постоело фаворизирање на компанија, рече Груевски.

На прашање на судијката Добрила Кацарска каде е писменото известување од општината за овој доказ, адвокатката истакна дека не го добила официјално, по што судијката заклучи дека некој и го дал на рака и искоментира дека сега и е јасно се.

Обвинителот Стевче Донев истакна дека доказот не е стекнат на законски начин и побара истиот да не се изведува.

Инаку, за денеска во Кривичниот суд беа закажани завршните зборови за случајот на СЈО „Тенк“, во кој за набавката на мерцедесот од претходната Влада, во вредност од 600.000 евра, обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски.

Во овој случај обвинета е и поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, но постапката за неа беше издвоена поради „ризична бременост“.

Во „Тенк“ обвинети се Никола Груевски и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски, како и поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Тројцата се обвинети за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра.

Во судот денеска се присутни Никола Груевски и Ѓоко Поповски.

 

Дајмлер Бенц Мак аутостар СЈО тенк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.