Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кон „Време на бетон“ на Игор Иванов Изи: Од брутализам до брутална урбана катаклизма на Скопје

0
By Ана Василевска on April 19, 2024 ИЗБОР, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 19, 2024 13:37

Пишува: Ана Василевска

Филмот беше проследен со аплауз, но и солзи. Тагата за еден „организам“ од челик, бетон и стакло, една метропола на солидарноста која од иднината се врати во темното минато беше неизбежна како впечаток по оваа проекција.

Премиерата на документарниот филм „Време на бетон“, кој ја раскажува приказната за Скопје, поточно неговата архитектонско-урбанистичка историја се одржа синоќа во киното Фросина во Младинскиот културен центар. Филмот беше проследен со аплауз, но и солзи. Тагата за еден „организам“ од челик, бетон и стакло, една метропола на солидарноста која од иднината се врати во темно минато беше неизбежна како впечаток по оваа проекција.

Ова успешно поентирање на документарниот филм кој во основа својот фокус го става на модерната, која го следи Скопје од почетокот на 20. век, посебно кусата ера на брутализмот, доволно говори за „Време на бетон“ како за своевиден освестувачко  катарзичен визуелен споменик.

Во својата фрагментарност, документарецот не случајно е поставен како литературно-репортерска нарација која меѓудругото како цитат, не потсети на оние квалитетни телевизиски емисии со информативна и едукативна содржина кои веќе одамна ги нема во нашата продукција. Токму, како што го нема и Скопје, барем не таков град каков што очекувавме да прерасне по издигнувањето од пепелта по 1963 година.

Сугестивниот глас на актерот Никола Ристановски, што го интерпретира мајсторскиот текст на Звездан Георгиевски, со одличната музика на пијано на Дуња Иванова и режисерската композиција на Игор Иванов Изи, нудат редок филмски запис за Скопје.

Опфатени се најзначајните контури кои треба да дадат одговор на прашањата околу подемот на брутализмот во нашиот град,  во време кога е тоа најпрогресивен правец во светската архитектура, неговата хуманистичка вредност и зошто тој со децении е предмет на политичка конфронтација, идентификација и антагонизам.

Обидот да се деконструираат овие прашања го следиме низ приказната на топол носталгичен раскажувач, кој не води во периодот од ударничкиот ентузијазам да се издигне повоеното Скопје, кој ќе биде уште посилен по страотната природна катастрофа, до летаргијата и негрижата која ќе ги нагризе препознатливите градби на Кензо Танге.

Брутализмот, често поврзуван со урбаната теорија од 20-тиот век која ги следела повоените  социјалистичките идеали и оставила импакт во Велика Британија и источно-европските комунистички држави, како архитектура на модерност, издржливост и хуманистичка примена бил предизвик за многу наши големи архитекти. Нивниот сон за модерен град, со децении пропаѓа од негрижата и погрешните политики, од нељубов, од криминални урбанистички проекции.

Да биде иронијата поголема, се чини дека сепак најстрашниот архитекстонски разорен удар, Скопје ќе го доживее со последното градење- изобличувањето на неговата физиономија со градбите на баркно-античката катастрофа наречена„Скопје 2014“.

Обидот на режимот да го закотви своето владеење, преку галии во Вардар, гипс картон, и во голема мера погрешни, неупотребливи и грди градби за кои фрливме милјарди од народните пари, ќе остане запомнето како најдеструктивниот катаклизмичен урбанистички ураган, посилен од секоја природна катастрофа, или „урбанцид“ како што го нарекува раскажувачот во „Време на бетон“.

Сега, во овој град што спие под крстот на Водно, паралелно пропаѓа челичниот брутализам и античко-барокниот прескап гипс.

Тоа што единствено е нескршливо е духот на градот, а овој документарен филм останува како сведок и гласен аларм, за секој од нас што чекори по скопскиот асфалт, по калдрмата на старата скопска чаршија, зема здив покрај кејот на Вардар, скејта низ Градски ѕид, ужива во погледот од скопското кале, терасата на МСУ, што може да се завети дека Скопје повторно ќе биде радост!

 „Време на бетон“ е снимен по сценарио на Иванов и Томи Салковски, кој е и продуцент. Автор на нарацијата која го води филмот е новинарот Ѕвездан Георгиевски, а наратор е актерот Никола Ристановски. Соработници на сценариото се Мишко Ралев и Јордан Минов, изборот и изведбата на музиката е на пијанистката Дуња Иванова.

Кинематографер е Ѓорѓи Клинчаров, монтажата на Дејан Смилески, а дизајнот на звук на Игор Поповски. Филмот е поддржан од Агенцијата за филм.

 

 

Брутализам документарен филм Скопје 2014
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.