Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Конечно извештајот за АКМИС – дали и кој „местел“ предмети во судовите

0
By Нова ТВ on December 7, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 7, 2017 09:48

Во Министерството за правда денеска  ќе бидат презентирани наодите, односно недоследностите констатирани од увидот во функционалноста на информатичкиот систем и надзор над примената  на одредбите од Судскиот Деловник во судовите.

Извештајот ќе го презентира министерот за правда Билен Саљији, во присуство на заменик-министерот Оливер Ристовски и двајца претставници на Комисијата која го вршеше увидот во судовите – државниот советник во ресорот правда, Валентина Шаурек, и судијата Лазар Нанев.

Јавноста со огромен интерес го очекува овој Извештај, кој треба да открие како се користел системот наменет за електронска распределба на судските предмети, односно дали навистина биле распределувани по случаен избор или се давале на рака на „подобни судии“.

Во извештајот на експертската група на Рајнхард Прибе беше констатирано дека постојат индиции за злоупотреба на АКМИС-системот, кој како систем ги автоматизира и следи предметите од иницијалното отвoрање на предметот преку негово доделување, било да е кривичен, прекршочен, граѓански и други.

Министерството за правда формираше Комисија која на 5-ти октомври го започна увидот во употребата на системот АКМИС во Кривичниот суд, на 9-ти ноември во Апелациониот и на 17-ти ноември во Врховниот суд. Комисијата била фокусирана на употребата на системот во 2016 и 2017 година.

Неофицијално во јавноста протекоа информации дека се регистрирани злоупотреби на системот АКМИС во Кривичниот суд, дека се забележани друг вид отстапки во Врховниот, но и дека ништо спорно не било утврдено во Апелацискиот.

-Има од 3 до 5 години казни, но сепак зависи за какво кривично дело и под кој став ќе биде. Дали ќе биде квалификаторно или неквалификаторно. Верувам дека за претседателот на судот треба да биде квалификаторен елемент, бидејќи тој е овластено службено лице кое треба да води сметка да нема злоупотреба на АКМИС-от, а не да прави злоупотреби на овој систем, изјави неодамна судијата од Врховниот суд Шпенд Деваја, за Алсат-М.

 

 

АКМИС Извештај комисија Министерство за правда
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.