Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

КонтраБулинг- средношколците со иницијатива против насилството

0
By Нова ТВ on April 12, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 12, 2018 19:58

Средношколци од три скопски училишта „Никола Карев“ , Орце Николов“,  и „Васил Антевски Дрен“ се дел од иницијативата на Коалицијата „Маргини“, „КонтраБулинг“ , која го опфаќа проблемот со „булинг“ кое е родово базиран или пак хомофобичен и трансфобичен.

Ваквата иницијатива отвoра нов дијалог за една многу честа појава за која ретко јавно и гласно се зборува.

-Ние како здружение на граѓани само ја поставивме платформата и обуката,а самата иницијатива е смислена, организирана и имплеметирана од средношколци, вели Ирена Цветковиќ од Коалиција Маргини.

Таа истакна дека во  образовен систем во Македонија постојат жаришта и дека училиштата веќе долго време не се безбедни иако мислиме дека се. Во рамки на секое училиште постои родово базирано насилство и булинг кој е во различни форми, сексулано, вербално, психолошко и не успеваме да го препознаеме а тоа е првиот чекор. Откако ќе се препознае овој проблем треба да се разбере и да се најде решение.

„Досега најголем фокус во поглед на безбедност на училиштата се ставало на физичко и етничкото насилство. Кај нас вербалното насилство се толелира и не само тоа туку се смета за детска игра, па дури и се потикнува.Но истражувањаата покажуваат дека жртвите на насилство имаат страшни последици, во личниот раст и развој и резултатите и ефектите се гледаат на долг рок, “ додаде Цветковиќ.

Средношколците преку учеството во оваа иницијатива укажуваат дека навредите, понижувањата и упатувањето на погрдни зборови треба да престане да биде секојдневие на младите.

Една од идеите на учениците беше да се испита состојбата во училиштата во врска со родово-заснованото насилство кај своите соученици.

Истражувањето направено на 333 средношколци од трите училишта, укажува дека дури 207 од испитаниците биле омаловажувани, а дури на една третина од нив им била ограничена слободата.

 

Повеќе од половина од испитаниците сметаат дека во нивното училиште има родово базирано насилство.

Истражувањата на средношколците укажуваат на тоа дека меѓу нив има и такви кои кои нарекувале некако со погрдни имиња,правеле сексуални шеги и кажувале лаги за своите соученици.

Средношколците од трите скопски училишта кои беа опфатени во оваа кампања изработија и видеа преку кои пренесуваат порака дека „булингот“ во училиштата треба да престане.

Ова е пилот проект кој опфатил три училишта, но „Коалиција Маргини“ ќе продолжи да работи и во другите училишта и со сите засегнати страни, како и институции на системот и МОН во насока на развивање  системски решенија со цел училишната средина да биде безбедна и да гарантира личен раст и развој на секој ученик колку и да е тој поразличен од другите.

Иницијатива истражување Коалиција Маргини КонтраБулинг средношколци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.