Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Контраспин: Потценувањето на барањата и заканите на Реџепи може да доведат до поделба во општеството

0
By Нова ТВ on April 11, 2020 ВЕСТИ
Фото: vistinomer.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Теофил Блажевски

Ниту Бујар Османи, ниту Владата, пред да ги прикажат буџетите на верските заедници во државата, немаат морално право да ги обесштетуваат поради загубени приходи зашто немало верници „што било исто како кај рестораните“. Таквиот спин со израмнување на реалниот економски сектор и верските заедници, при што се потценуваат и реалните закани, е многу опасно и де факто може да доведе до многу поголеми поделби во општеството.

Вицепремиерот Бујар Османи даде изјава во врска со заканите и барањата на првиот човек на Исламската Верска Заедница (ИВЗ), Сулејман Реџепи, за финансиска помош од државата поради корона-кризата во која се препознава спин:

Спин:Мислам дека изјавата е извадена од контекст. Не треба да правиме драма од тоа што тие бараат помош, бидејќи секој во овие услови е оштетен. Во редовна комуникација сум со поглаварот. Бидејќи јас побарав од нив да ги затворат џамиите во текот на пандемијата, тие ми се обратија мене. Основен извор за финансирање на ИВЗ се донациите за време на празникот Рамазан. Нивниот став е дека доколку тие не работат сега, нема да можат да исплатат плати на имамите, оџите и тн. Тоа е ист проблем како на рестораните, кои велат дека ќе ги отпуштат вработените

[ Извор:A1Он – Изјава на Бујар Османи – датум: 09.04.2020]

Контраспин:

Релативизацијата на, не баш, дискретната закана на првиот човек на ИВЗ, Сулејман Реџепи, од страна на вицепремирот Бујар Османи, е извртување на вистината и тоа најмалку во две насоки или два слоја. Најпрво, Османи вели дека Реџепи бил изваден од контекст, што не е точно, затоа што, гледајќи го целиот контекст на изјавата на Реџепи за овој проблем, сосема е јасно дека тој вели оти може и да не ги почитува препораките на Владата поради опасноста од „корона-кризата“ и може да ги повикаат верниците масовно во џамиите, доколку не добијат помош од Владата, за што ургирал преку Османи:

Денеска побарав од генералниот секретарот Мирсад Јакупи да контактира со Бујар Османи, кој е член на кризниот штаб и вицепремиер, дали има нешто? Тој вели дека досега нема ништо. Ќе ги потсетам малку поинаку, со писмо, затоа што не дај Боже ние да ги суспендираме одлуките, нема сила што ќе може да се бори против епидемијата, ви гарантирам, тогаш тука ќе стане Бангладеш (360 Степени – види ја целата изјава)

Тука нема што да се вади од контекст, без оглед на смирениот тон на Реџепи кога ова се гледа во живо на видеото. Но, спинот на Османи не е само во ова.

Вицепремиерот вели „не треба да правиме драма од тоа што тие бараат помош, бидејќи секој во овие услови е оштетен“ и уште на крајот додава дека „тоа е ист проблем како на рестораните, кои велат дека ќе ги отпуштат вработените“.

На ваквиот став на Османи се надоврза неименуван извор од Владата (09.04.2020), кој за „360 Степени“ изјави дека мерките мора да се почитуваат, „а Владата ќе продолжи да создава и реализира мерки за да помогне на сите заедници и на општеството и граѓаните“.

Тука, со ваквата теза дека секој е оштетен, и дека имамите се исто оштетени како вработените во рестораните, на пример, како и тоа дека владата ќе помогне на „сите заедници“ (кажано е во контекст на верските заедници), извртувањето на вистината навистина е големо.

Прво, точно е дека „сите се оштетени“, но не е точно дека кај сите штетата е подеднакво голема и чувствителна, а особено не може да се израмнат верските заедници со рестораните или општо туризмот и угостителството. Зашто, додека во рестораните и хотелите навистина не влегува никој освен ако евентуално државата не смести луѓе што мора да одат во задолжителна изолација, верските објекти се постојано отворени. Де факто, посетата иако е многу намалена, таа никогаш не престанала откако е почната корона-кризата, што може да се види ако денеска на пример посетите некоја џамија или црква.

Второ, ниту јавноста, па ни Османи, па ни Владата, немаат вистинска претстава колку квантифицирано се оштетени верските заедници во земјата. Зошто? – Затоа што ниту големите, ниту малите верски заедници и религиозни групи немаат обврска да плаќаат даноци, пред сè, на имот, а нивните приходи се третираат како приходи на невладините и непрофитните организации, за кои, иако се должни да поднесуваат завршни сметки, тоа според дел од медиумите, не го прават со години. (Инаку, овие прашања се регулирани со соодветните закони, и оној за црквата и верските заедници и оној за данокот на имот).

Всушност, ниту во некогашниот социјализам, па ни 30 години потоа, денес јавноста нема претстава колкави се буџетите на најголемите верски заедници во земјата МПЦ-ОА и ИВЗ. Државата знае нешто повеќе за богатството на заедниците зашто, на пример, во почетокот на 2019 година правеше вонредни проверки во МПЦ-ОА, поврзани со други бизниси на Црквата, а пак со ИВЗ истата година се расправаше за враќање на имот, но и можеше да види дел од приходите преку судскиот спор за превласт во врвот на ИВЗ, при што овој истиот Реџепи и тогаш се закануваше, па дури и до степен на говор на омраза, иако Обвинителството не најде елементи за такво дело.

Според тоа, ако не се знаат точните приходи на ИВЗ (истото важи и за МПЦ-ОА и за сите други), ниту Османи, ниту Владата немаат морално право да обесштетуваат во овој момент „загубени приходи на ИВЗ од кои се делеле плати“. Таквиот спин со израмнување на реалниот економски сектор и верските заедници, при што се спинува со потценување и во однос на реалните закани што сега ги прави Реџепи (а претходно на исто ниво ги правеше и Владиката Агатангел од МПЦ-ОА), е многу опасно и де факто може да доведе до многу поголеми поделби во општеството.

Што значи, пред било какви размислувања за помош на ИВЗ (по што секако ќе мора да следи иста таква за сите други верски заедници во државата), Османи и Владата нека побараат и нека ѝ ги прикажат на јавноста реалните состојби со приходите во ИВЗ и во сите други цркви, верски заедници и религиозни групи.

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED – National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Извор: vistinomer.mk

Бујар Османи Влада ИВЗ Контраспин МПЦ Спин Сулејман Реџепи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.