Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Политичкиот лидер на талибанците се врати во Авганистан: Абдул Гани Барадар веројатно ќе биде нов претседател на земјата

0
By Sashko on August 18, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Абдул Гани Барадар, ко-основач и политички лидер на Талибанците, синоќа пристигна во Авганистан, за првпат по две децении.

Портпаролот на Движењето, Забихула Муџахид ја одржа првата прес-конференција откако Талибанците го зазедоа Кабул и соопшти дека Барадар, шефот на политичката канцеларија на Талибанците и еден од главните преговарачи во неуспешните мировни преговори, се вратил во земјата, поточно во Кандахар.

Според голем дел од аналитичарите се очекува токму тој да биде идниот претседател на Авганистан, со оглед на огромната популарност што ја ужива, но и како еден од најблиските соработници и на предводникот на муџахедините Мула Омар, кој почина во 2013 година.

Барадар се врати во Авганистан од Катар, каде што со месеци ги водеше преговорите со САД, а потоа и мировните преговори за Авганистан.

Фотографиите објавени од проталибанските медиуми покажуваат група луѓе собрани околу Барадар како слават со извици и кренати тупаници.

Барадар беше уапсен во 2010 година и ослободен од пакистанскиот затвор пред помалку од три години на барање на САД.

Барадар роден е во провинцијата Урузган во 1968 година и израснал во Кандахар. Тој се придружи на муџахедините во борбата против Советите во 80-тите години од минатиот век и оттогаш напредуваше во Талибанците.

„Гардијан“ пренесува дека неговиот прекар бил „касап“ поради бруталноста што ја користел.

Абдул Гани Барадар Авганистан претседател Свет Талибанци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.