Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Корона-вирус и новата „инфодемија“: Јадете повеќе лук!

0
By Нова ТВ on February 4, 2020 СВЕТ
Фото: romesentinel.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дезинформации, полуинформации и конспиративни теории се шират низ светот по избивањето на пандемијата на новиот коронавирус. Кои се фактите, а каде започнуваат фантазијата и лагите? – Верувате ли дека нешто се случило затоа што некој или нешто го предизвикало тоа со умисла или намера? – Истражувањата покажуваат дека повеќето луѓе веруваат. Психологијата зад теориите на заговор е нешто што научниците одново се обидуваат да го објаснат иако феноменот постои веројатно исто толку долго колку што постои и човештвото. И секогаш одново се актуелизира кога имаме ситуации како постојната: ширењето на корона-вирусот.

Лекарите и научниците упорно укажуваат дека постои едноставен начин да се заштитите од него: редовно миење на рацете и избегнување контакт со заболени лица. И толку. Но, доколку прошетате по информативниот простор, набрзо ќе разберете дека „ве лажат“. И тука се наметнува дилемата – во што е полесно да се верува? – Дека треба да ги измиете рацете или дека Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс го исконструирала целиот случај со коронавирусот затоа што веќе имале подготвено вакцини за него?

Во Јужна Кореја, на пример, луѓето веруваат дека најсигурна заштита од вирусот е засилената конзумација на „Кимчи“ – национално јадење од ферментирана зелка, лути пиперчиња и лук. Мораше да реагира и тамошното Министерство за здравство со објаснување дека јадењето Кимчи не е баш адекватна превентива. Теоријата потекнува од 2003 година, кога во екот на епидемијата на вирусот САРС, некои истражувачи во Јужна Кореја „открија“ дека Кимчи ги спасило граѓаните од инфекцијата. Не е познато колку луѓе спаси Кимчи -терапијата, но неговата продажбата низ цела Азија драматично се зголеми. Случајно или не, поведени од теоријата за Кимчи, многу луѓе и во други делови на светот се прашуваат: дали лукот ќе ме заштити од коронавирусот?

Фото: massapedia.blogspot.com

Светската здравствена организација (СЗО) деновиве предупреди дека избувнувањето на коронавирусот е придружено од вистинска епидемија на дезинформации и лаги кои добија и ново име „инфодемија“. Од вирусот досега се заразени нешто над 20.000 луѓе (речиси 99 проценти во Кина), а досега се евидентирани 425 смртни случаи.

„Наместо да се шири страв и паника, треба само да се подготвиме. Затоа што бројот на заразени (надвор од Кина, н.з.) е 146, и тоа според сите стандарди, е многу ниско“, изјави генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Фото: pbs.org

Битка против дезинформациите

СЗО се обидува да се бори против дезинформациите и со помош на Гугл, со цел сите заинтересирани да добиваат проверени информации од прва рака. Социјалните платформи како Фејсбук, Твитер и ТикТок, исто така, преземаат чекори за ограничување на дезинформациите и шпекулациите. Невообичаено, СЗО дури има и посебна интернет-страница на која се „разбиваат митовите“ за коронавирусот. На неа, меѓу другото, можете да прочитате дека јадењето лук, пиењето антибиотици или ставањето масло од сусам под носот нема да помогнат за заштита од инфекцијата.

Фото: dara.co.id

Од откривањето на коронавирусот досега, во јавноста циркулираа бројни лажни тврдења и измами. Меѓу нив и теории на заговор дека вирусот бил произведен во лабораторија и дека вакцините се веќе произведени, претерувања за бројот на заболени и мртви, како и тврдења за лажни лекови. Во СЗО оценуваат дека појавата е придружена од масивна „инфодемија“ – мноштво информации, некои точни, а некои не, кои им отежнуваат на луѓето да најдат веродостојни извори на информирање и сигурни насоки кога им требаат.

Фактите, повторно, се следни: Не помагаат маски за дишење, антибиотици, вакцини или лук. Помага: редовно миење раце и избегнување директен контакт со заболени.

Инфодемија Корона-вирус препораки СЗО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.