Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Корупција: Македонија и Албанија рангирани најлошо во регионот

0
By Нова ТВ on January 23, 2020 ВЕСТИ
Фото: dw.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Борбата против корупцијата во светот речиси не напредува. Така е дури и во богатите индустриски земји во светот, покажува актуелниот индекс на корупција на „Транспаренси Интернешeнал“.

Македонија e на 106 место на листата на „Транспаренси Интернешнал“, односно на скалата од 0 до 100 поени (притоа 0 значи најголем степен на корупција, а 100 поени – најмалку корупција) има 35 поени. Тоа е за два поена помалку во споредба со минатата година (во 2018 година имаше 37 поени; во 2017 година – 35 поени; во 2016 – 37 поени).

Од земјите во регионот годинава подобри од Македонија се Босна и Херцеговина и Косово со 36 поени, Србија со 39 поени и Црна Гора со 45 поени, додека Албанија има еднаков ранг, односно 35 поени.

Генерално, извештајот на „Транспаренси Интернешнал“ покажува дека во голем дел од 180-те земји каде се правени истражувања, речиси нема напредок во борбата против корупцијата.

„Недостигот од вистински напредок е разочарувачки и има многу негативни последици за граѓаните ширум светот. За да се запре корупцијата и да се подобри животот на луѓето, мора да ги напаѓаме врските помеѓу политиката и високите финансии“, вели Патриција Мореира, раководителка на ТИ.

Јасни подобрувања нема дури ни во големите индустриски нации. Напротив, во четири од седумте држави на Г7 – Канада, Франција, Велика Британија и САД, ситуацијата е влошена. Германија и Јапонија се останати на исто ниво во споредба со 2018 година, а Италија е малку подобро рангирана.

На ранг-листата што организацијата „Транспаренси Интернешнал“ ја прави секоја година, овојпат најдобри се Данска и Нов Зеланд со по 87 поени, а потоа следува Финска со 86 и Сингапур, Шведска и Швајцарија со 85. Германија е на деветтото место и има 80 поени.

Фото: dw.com

Она што е важно е дека ТИ ја мери перцепцијата на корупцијата во економијата, политиката и администрацијата, а бодовите за одделни земји се даваат врз основа на она што во испитувањата го кажуваат експерти и лица на раководни позиции. Најслаби резултати од вкупно 180-те земји имаат Сомалија, Јужен Судан, Сирија и Јемен.

„Во овие земји владее немир, насилство и војна. Тоа јасно ја покажува поврзаноста на корупцијата со нестабилноста“, вели за ДВ, Марва Фатафта, советничка на ТИ за Блиски Исток и Северна Африка.

Сепак, иако глобално погледнато речиси и нема напредок, луѓето протестираат против корупцијата и ги ставаат владите под притисок. „Прилично сум сигурна дека во иднина ќе има промени“, нагласува Фатафта и додава: „Протестите покажуваат дека луѓето не попуштаат во барањата на своите права.“

Албанија Корупција Македонија ранг листа Транспаренси Интернешенл
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.