Кошаркарската репрезентација на БиХ имаше најмалку среќа при докомплетирањето на групите за главната фаза квалификации за Светското првенство во Кина во 2019 година. Избраниците на Душко Вујошевиќ, кои преку претквалификации станаа дел од 32. селекции на континентот што го продолжуваат патот кон мундијалот, завршија во групата Е во која го очекуваа пеколно тешка мисија против Франција, против Русија и против Белгија.
Распоредени се и останатите седум селекции од претквалификации што не успеа да ги мине Македонија. Естонија која го освои првото место во група со „црвено-жолтите“ ќе игра во Х конкуренцијата заедно со Израел, со Велика Британија и со Грција.
Косово, пак, кој беше втор патник во квалификациите од групата Ц ги доби Полска, Литванија и Унгарија за следни ривали во дебитантското учество за СП 2019.
Квалификациите почнуваат на 23 ноември, учество на мундијалот во Кина ќе обезбедат најдобрите 12 репрезентации.
Квалификации за СП 2019 во кошарка
Група А: Црна Гора, Словенија, Белорусија, Шпанија
Група Б: Шведска, Турција, Летонија, Украина
Група Ц: Полска, Косово, Литванија, Унгарија
Група Д: Италија, Холандија, Хрватска, Романија
Група Е: БиХ, Белгија, Франција, Русија
Група Ф: Бугарија, Чешка, Исланд, Финска
Група Г: Германија, Србија, Австрија, Грузија
Група Х: Израел, Велика Британија, Грција, Естонија