Кошаркарските федерации на Македонија и на Косово потпишаа Меморандум за разбирање и соработка со Косово. Документот го потпишаа претседателите на двете страни, Перо Антиќ и Арбен Фетаху и со него се опфаќа организација на заеднички турнири, меѓусебни натпревари во младите категории, размена на стручњаци, заеднички тренинзи на репрезентации и учество на играчи, судии и тренери во тренинг кампови.
Информацијата за потпишаниот Меморандум е објавен на интернет страницата на косовскиот кошаркарски сојуз и во веста, меѓудругото, се наведува дека двете земји ќе даваат меѓусебна помош во пронаоѓање на спонзори.
Македонскиот и косовскиот сојуз се обврзаа и на заеднички состаноци еднаш годишно, договорот е двегодишна важност со можност за негово продолжување.