Словенија останува без учество на Светското кошаркарско првенство во Кина во 2019 година. Украина ги порази „змајчеки“ со убедливи 82:54 (по четвртини: 22:18, 13:7, 23:9, 24:20) што значеше елиминација на актуелниот европски шампион.
Украинците ја имаат една од репрезентациите што најмногу профитираа од новиот систем на натпревари што го воведе ФИБА. Можеа да сметаат на најсилниот состав во тек на целиот циклус што не е случај со останатите селекции.
Дури шест нивни кошаркари завршија со двоцифрен ефект во дуелот со Словенија. Ги предводеше Олександер Кобец со 13 поени, по 11 уфрлија Близњук, Санон и Бобров, Кравцов и Липовиј реализираа по 10 во петтиот триумф на Украина во групата И.
Шанси за пласман на СП 2019 од просторите на поранешна Југославија се Србија, Хрватска и Црна Гора. Македонија не успеа да ги мине претквалификациите додека БиХ и Словенија се запрени во квалификациите.
Пласман на Светското првенство догодина досега обезбедија седум репрезентации. Покрај домаќинот Кина, на турнирот ќе учествуваат Нигерија, Тунис, Чешка, Литванија, Германија и Грција.
Квалификации за СП 2019 во кошарка (м)
Група И
Летонија – Црна Гора 75:84
Украина – Словенија 82:54
Турција – Шпанија 71:67
Табела: Турција (7 поб.-2 пор.), Шпанија (7-2), Украина (5-4), Турција (5-4), Летонија (5-4), Словенија (2-7)
Група Ј
Хрватска – Унгарија 74:69
Италија – Литванија 70:65
Холандија – Полска 78:105
Табела: Литванија (8 поб.-1 пор.), Италија (7-2), Полска (5-4), Хрватска (4-5), Унгарија (4-5), Холандија (3-6).
Група К
Бугарија – БиХ (петок, 18 ч.)
Чешка – Франција (петок, 18 ч.)
Финска – Русија (петок, 18 ч.)
Табела: Франција (7 поб.-1 пор.), Чешка (7-1), Русија (4-4), Финска (4-4), Бугарија (3-5), БиХ (2-6).
Група Л
Израел – Србија (петок, 13 ч.)
Естонија – Грузија (петок, 18 ч.)
Грција – Германија (петок, 18 ч.)
Табела: Германија (8 поб.-0 пор.), Грција (8-0), Србија (5-3), Грузија (3-5), Израел (3-5), Естонија (2-6).