Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кошарката денеска слави 125 роденден

17
By Нова ТВ on December 21, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 21, 2016 21:45

На денешен ден, пред точно 125 години, е одигран првиот кошаркарски натпревар. Играта настана за пополнување на времето на учениците од гимназијата во Спрингфилд, Масачусетс, САД, и за одржување на нивната физичка подготовка во студените зимски денови. Нејзин основоположник е Џејмс Нејсмит, канадски професор по физичко образование, кој ги измислил и оригиналните 13 правила. Во прво време кошарката се играла „девет на девет“, со фудбалска топка и двe кошници за праски што добиваат мрежички во 1906 година. Во текот на 20 век постојано се развиваше и стана еден од најпопуларните спортови во светот.

Колкав напредок е остварен низ годините и каква полуларност достигна кошарката покажува податокот дека преносите од НБА лигата лани ги гледале преку една милијарда луѓе. Потврдата доаѓа од комесарот на американската професионална лига, Марк Тејтум.

„Натпреварите и програмата на НБА лигата се гледаат во 215 држави и територии и се следат на 49 различни јазици. Само минатата година преку една милијарда луѓе на планетата гледаа НБА лига“, нагласи Тејтум.

Прославата на роденденот на кошаркарскиот спорт е денеска во Куќата на славни во Спрингфилд. Притоа е одбележано и отворањето на неколку колеџи како во Оубурн, во Бостон, во Ферфилд, во Оклахома, во Конектикат.

„Ги повикав момчињата, ги поделив во два тима по девет играчи и им дадов фудбалска топка. Им покажав и две корпи за праски што ги заковав на двете страни во салата на, отприлика, три метри височина и им реков дека идејата е да ја уфрлат топката низ противничкиот обрач. Дувнав во свирчето и натпреварот почна“, е изјавата што Нејсмит ја дал во медиумите во САД на почетокот на 20 век.

Трчањето со топка не било дозволено во прво време. Само додавање или предавање на топката во раце на противникот. Дриблинзи и останати елементи во играта се додадени подоцна. Неговата игра набрзо беше прифатена и надвор од САД и во наредните две години почнала да се практикува во Кина, Франција, Индија и бројни други земји.

Кошарката стана омилена спортска дисциплина во училиштата, во факултетите, по парковите за подоцна да биде вклучена и на олимпискиот репертоар. Последица на тоа беше тренд на формирање на национални сојузи, натпреварувања во формат на лига систем и официјални турнири на кои учествуваа најдобрите екипи.

Американската професионална кошаркарска лига (НБА) е формирана во 1949 година и веќе со децении важи за најсилната во светот. Во неа оваа сезона играат кошаркари од 41 држава што чинат повеќе од 25 отсто од вкупниот број играчи во клубовите. Прв Македонец што заиграл на НБА паркетите е Перо Антиќ кој мина две сезони во дресот на Атланта (2013-2015 година).

„Кошарката е привлечен спорт што може да го играат и момчиња и девојчиња, на отворено и во сала, во рурални и во урбани средини. Не е потребна никаква инфраструктура“, додаде Тејтум.

За важноста на почетоците на оваа игра упатува моментот кога основачот на Универзитетот во Канзас, во кој Нејсмит во 1898 година стана прв кошаркарски тренер, за двете страници рачно напишани кошаркарски правила плати 4,3 милиони фунти на аукција.

Историја кошарка Прв натпревар роденден
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.