Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Косово не доби доволен број гласови за прием во Интерпол

0
By Нова ТВ on November 20, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 20, 2018 10:55

Косово не успеа да обезбеди доволен број гласови за прием во Меѓународната полициска организација, ниту по вториот круг на гласање на денешното заседание на Генералното собрание на Интрепол што се одржува во Дубаи.

Како што јави „Газета Експрес“, Косово не успеа да го обезбеди неопходното двотреринско мнозинство гласови за прием во еден од најважните безбедносни механизми во светот.

РТС пак јави дека во вториот круг, за прием на Косово гласале 68 земји членки на Интерпол, 51 биле против, а 16 воздржани.

Во првиот круг на гласање за прием на Косово во Интерпол, 76 земји се изјаснија за, 56 беа против, а 22 воздржани.

Ова беше трет обид на Косово за влез во Интепрол, по оние во 2010 и 2015 година. Властите во Приштина најавуваа дека ќе се обидат до обезбедат прием и на Собранието на Интерпол во 2017 година во Кина, но ја повлекоа кандидатурата во пресрет на гласањето.

Белград: Ова е успех на мала земја

Српскиот претседател Александар Вучиќ и шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ по гласањето во Дубаи, се обратија пред јавноста на вонредна прес конференција.

Ова е успех на една мала земја, пркосна и горда, која иднината не смее да ја базира на пркос и инат, туку на рационален пристап и која мора да сака компромис и да ги разбере односите во светот, ниту да ја понижува и унижува приштинската страна, истакна Вучиќ.
Тој најави дека Србија ќе работи со земјите што гласаа за прием на Косово во Интерпол, додавајќи дека и некои од најразвиените земји првпат гласале воздржано.

Една мала победа за нас, на голема сила се намерачивме и многу големи сили сакаа да не тргнат, урнат, понижат. Успеавме да ја сочуваме земјата и образот, рече Вучиќ .
Додека српскиот министер за надворешни работи Дачиќ наведе дека одбивањето на членството на Косово во Интерпол претставува голема победа за Србија и за српскиот народ и индикација дека ништо не може да се направи без договор со Србија“.

Тој додаде дека „не може да се воздржи во изјавата“.

– Што се однесува до мене – тие доживеаја дебакл. Се обидоа на сила да влезат во УНЕСКО, се обидоа да се усвои резолуција во Советот за безбедност против српскиот народ, сега на сила и во Интерпол, спротивно на меѓународните правила, верувајќи дека е доволно големите сили да напишат барања, а да другите земји без поговор тоа го прифатат. Убаво им кажав да не се пријавуваат, сакав да ги заштитам од тој срам, истакна Дачиќ на заедничката прес конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Приштина: Косово не се откажува од членството во Интерпол

Владата на Косово објави дека „зачленувањето на полицијата на Косово во Интерпол пропадна“ и изрази „големо разочарување поради тоа што на Косово не му се овозможи да биде дел од светското семејство на полициите, кои се борат против меѓународниот криминал“, јави дописникот на МИА од Приштина.

За неуспехот да се зачлени во светската полициска организација, Владата во Приштина го обвини Белград, односно неговата кампања против Косово.

– Дивата кампања на Република Србија го покажа уште еднаш нејзиниот карактер против Косово и против нормализацијата на односите со Република Косово, дотолку повеќе што ова зачленување беше техничко, а не политичко прашање, се наведува во соопштението од Кабинетот на премиерот Рамуш Харадинај.

Според косовската Влада, гласањето против приемот на Косово во Интерпол е во полза „единствено на криминалот и на криминалците и никој не би требало да се радува на тој факт“.

Владата им се заблагодари на сите земји кои гласаа „за“, како и на оние кои се потрудија да му помогна на Косово во овој процес.

– Косово ќе продолжи со консолидирањето на сопствените институции и во една многу блиска иднина ќе биде и целосно членка на Интерпол, порача Владата во Приштина.

Амбасада на САД на Косово: Со овој резултат губиме сите

Амбасадата на САД во Приштина, по денешното гласање на Генералното собрание на Интерпол против зачленувањето на Косово во организацијата смета дека таквиот исход е резултат на српската кампања против Косово и притисоците што Белград подолго време ги врши врз одредени земји за да гласаат против, јави МИА од Приштина.

Во соопштението на Амбасадата на САД се наведува дека Косово заслужува да биде членка на светската полициска асоцијација.

– Полицијата на Косово е целосно интегрирана и способна институција, која јасно има докажано дека помага во растурањето на меѓународните терористички групи, кибер криминалот, шверцот со наркотици, оружје и луѓе, се посочува во соопштението, во кое се наведува и дека мнозинството членки на Интерпол, „и покрај кампањата, предводена од Србија, против зачленувањето на Косово“, сепак гласаа „за“ барањето на косовската полиција.

Вашингтон порачува дека „поддршката за зачленување на Косово во Интерпол никогаш не била за признавање на независноста на Косово, туку за јакнење на меѓународната соработка на полето на спроведувањето на законот и за затворање на една критична празнина на безбедноста на Блаканот“.

– Со овоj резултат губиме сите, заклучува дипломатското претставништво на САД во Приштина.

САД, се истакнува во соопштението, ќе продолжи да го поддржува дијалогот меѓу Косово и Србија, кој се води со посредство на Европската Унија.

– Сега повеќе од кога и да е двете страни треба да ги интензивираат нивните напори за постигнување договор за целосна нормализација, што ќе биде единствениот начин за двете земји да напредуваат кон зачленувањето во ЕУ. Србија и Косово треба да сфатат дека нивниот пат кон европската иднина оди преку нормализација. За да се постигне тоа ги охрабруваме двете земји да ги избегнуваат провокациите и да работат заедно за постигнување договор, се наведува во соопштението на Амбасадата на САД во Приштина.

 

Интерпол Косово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.