Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека е против основањето на Специјален суд на Косово.

,,Како во опозиција така и во позиција, партијата ААК и јас лично сме против Специјален суд. Ние не ги менуваме ставовите“ рекол премиерот на Косово.

Претседателот на Комитетот на Асамблејата за Косово во Србија, Милован Дречун оценува дека стопирањето на Специјалниот суд за Косово, ќе го дестабилизира Косово.

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин вчера порача дека доколку дојде до укинување на Специјалниот суд на Косово, тогаш веднаш да се прекинат преговорите со Приштина.