Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Костадинов: Мицкоски криминално испумпувал пари од ЕЛЕМ за луѓе од ВМРО

0
By Нова ТВ on February 29, 2020 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Доскорешниот пратеник од СДСМ, Костадин Костадинов, денеска обелодени документи кои биле доставени до партијата, а кои, како што вели, покажуваат како лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, распинички, криминално, крајно неодговорно се однесувал со парите на граѓаните додека бил директор на АД ЕСМ тогашен ЕЛЕМ.

„Еве како почитувани граѓани Христијан Мицкоски, најлошиот директор на ЕЛЕМ на сите времиња кој што во свое време ја поскапе цената на струјата за 100% народните пари ги давал на лица блиски до него и ВМРО-ДПМНЕ. Како тогашен директор извршителот Мицкоски склучил Договор за адвокатски – советодавни услуги со Панче Тошковски, од ВМРО-ДПМНЕ, со кој му дал 1.600.000 денари, за период од две години.Само 5 месеци подоцна, во март 2017 година, Мицкоски склучува нов Договор со Тошковски, вреден нови 8.850.000 денари односно 143.000 евра, за адвокатски услуги!“, рече портпаролот на СДСМ.

Се работи, како што додаде, за Договори со Панче Тошковски, многу близок пријател на извршителот Мицкоски и човек кој беше дел од преговарачкиот тим за Законот за Јавно обвинителство.

„Ете како почитувани граѓани извршителот Христијан Мицкоски ги испумпувал буквално парите на граѓаните и како ВМРО-ДПМНЕ ги полнеле своите џебови додека граѓаните плаќале поскапа струја за 100%. Тоа се истите шеми на Никола Груевски, извршителот Мицкоски очигледно дека доследно ги следел истите шеми. Мицкоски најмногу се плаши од Законот за јавно обвинителство. Затоа што знае дека и за него одговорност мора да има, исто како што одговорност ќе има за Никола Груевски“, рече Костадинов.

Документи кои, како што кажа, се индиции за криминал и расипништво со парите на граѓаните од страна на извршителот Мицкоски, ќе бидат предадени до надлежните институции.

За случајот вчера во ТВ дуелот со Мицкоски зборуваше и лидерот на СДСМ, Зоран Зеав.

„Ова е почитувани граѓани причината зошто Христијан Мицкоски на вчерашниот ТВ дуел беше нервозен, се потеше и не смееше да одговори за овие документи но секако не даде одговор ниту за криминалите на Никола Груевски“, порача Костадинов.

ЕЛЕМ Костадинов криминал Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.