Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Костадиновска-Стојчевска: Културата обединува и одамна не се вреднува спред никаков клуч

0
By Marija Todorovska on March 20, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 20, 2024 09:17

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска во вечерашното гостување на ТВ Клан на темата за поддршката  на мултиетничноста во културата рече дека одамна нема клуч по кој се одлучува.

„Клуч одамна нема за распределба на проектите по ниту една основа, па ниту по етничка. Последните 7 години тоа веќе не постои, затоа што буџетот во Министерството за култура се дели по две поголеми основи. Едниот е буџет кој што оди за националните установи, а другиот е буџет кој што оди за програмата на ‘други корисници’. При оценката на проектите во овие две програми каде што пристигнуваат апликации од сите етнички заедници, пред сѐ се враднува квалитетот на проектите кои пристигнуваат во Министерството за култура“, вели министерката Костадиносвска-Стојчевска.

Таа додаде дека без разлика дали зборуваме за националните установи, за физичките лица или правни лица кои што аплицираат, главен критериум е квалитетот, кој го оценуваат стручните комисии со партиципација и активна вклученост на, како што рече, „институционалната меморија“, вработените од Министерството за култура.

Костадиносвака-Стојчевска како социјалдемократ рече дека владеачката партија не отстапила и никогаш не го напуштила концептот на „Едно општество за сите“ .

„Морам да ви признавам дека не само како министерка за култура туку и како граѓанин на оваа држава многу ми сметале и сѐ уште ми смета она што го прави конкретно опозицијата кога ја дели културата по национален клуч. Соработката меѓу културните работници апсолутно по ниту еден основ не е поделена. Ќе издвојам еден пример, од неодамнешното гостување на Битолскиот театар со претстава на Ќенрим Ријани во Тирана, во рамки на Иницијативата Отворен Балкан, кога нашиот ансамбл беше пречекан со најголемиот и најдолгиот аплауз што дотагаш таму беше чуен“, вели министерката за култура.

Костадиновска-Стојчевска за ТВ Клан додеде дека Министерството за култура подеднакво ги поддржува нациоанлните ансамбли кои негуваат култура на одредена етничка заедница, спомнувајќи ги „Танец“ , националната установа „Ансамбл на албански на ора и песни“ , Турскиот театар, Албанскиот театар, Македонски народен театар или Театарот за деца на албански јазик. Таа спомна дека се финализираат и правните постапки за конципирање на „Куќата на Есма“ , со што ќе се поддржи ромската култура.

Костадиновска-Стојчевска ги коментираше и обвинувањата на опозицијата која тврдеше дека Министерството за култура финансира драмски фестивал на Косово, и рече: „Според мене тоа беше допирање на дното од страна на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што се работеше за гостување на 5 театри од Северна Македонија на фестивал на Косово кој што минатата година се одржа во Тирана, а наредна година ќе бидеме ние домаќини.  Тоа беше страшно известување и уште по страшно за мене е тоа што се работи за една матрица која што ја гледавме многу долго, каде што културен работник оди против културен работник. Истите обвинувања беа и за друг фестивал, ‘Меридијанс’, каде што воопто не беше анализирана програмата за која фестивалот е поддржан годинава во однос на 2011 година, за кога беа правени споредбите. Таа матрица од која што ниту оваа година не излезе ВМРО-ДПМНЕ беше поразителна“, изјави Костадиновска-Стојчевска, аргументирајќи ги резулатите од Годишните конкурси.

Министерката за култура во својата анализа се запраша зошто опозицијата не споменува во колку фестивали нивните членови се вклучени и се поддржани, колку нови вработувања има во матичните куќи кои тие ги водат и зошто е тој порив кај нив за злоупотреба на културата.

Во однос на буџетот за култура, Костадиновска-Стојчевска рече дека тој никогаш не е доволен, но истакна дека имаме сѐ побогата културна сцена. Таа рече дека и како минситерка има и обврска и желба за зголемување на буџетот во културата и затоа се залага за усвојување на Измените во Законот за игри на среќа, предлог со кој  како што рече, во еден дел се повлекуваат околу 120 милиони денари на годишно ниво  наменети за заштита на културно наследство, а околу 120 милиони би биле наменети за стипендирање на дефицитарни кадри.

Во гостувањето на ТВ Клан стана збор и за платите во културата, за што Костадиновска-Стојчевска изрази задоволство дека платите во овој ресор се уредени по еден од најдобрите Колективни договори во регионот и дека изминативе години ги надминаа сите кризи, здравствена, енергетска и економска и од 2019 година до денес платите во културата се зголемени за повеќе од 43 проценти.

Бисера Костадиновска - Стојчевска култура отворен балкан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.